ЦУК: Нема опасност од излевање на реките по обилните врнежи од дожд

Од:

Центарот за управување со кризи вечерва информира за состојбата по обилните врнежи од дожд, според која состојбата со водостоите на реките на територијата на земјава до 18 часот денеска е стабилна.

-На територија на Општина Куманово, Општина Старо Нагоричане, Општина Ранковце и Општина Липково нема излевање на реките. Нивото на реката Пчиња е во опаѓање и нема опасност за излевање, соопштува ЦУК.

Во текот на денот екипата на „Македонија пат“ интервенирала на отстранување на одрони на камења кај м.в. Чатал и отстранување на градежен материјал од стара напуштена куќа од една коловозна лента во с. Шлегово на патен правец Страцин-Пробиштип.

Исто така, додава ЦУК, на територија на Општина Кратово нема обилни врнежи од дожд. Водостојот на Кратовска и Крива река е зголемен.

Во Охридскиот регион по обилните врнежи од дожд во изминатите денови има навлезено вода во повеќе куќи во подрумите и дворовите каде се интервенираше од страна на ЈП-Нискоградба и останати ЈП од општината. Локалната самоуправа кризен штаб Охрид со багер денеска ги расчистува запушените корита и канали на помалите реки во Општината. Поплавени подруми, дворови и бавчи имаше на ул. „Железничка“, „Ариф Мустафа“, „Аџи Мустафа“, „Лескајца“, „Долно Лакочереј“ и во други делови од грдот во помал обем. Во овој момент започнати се нови врнежи од дожд но со мал интензитет и нема пријавени дополнителни проблеми, наведува ЦУК.

-Во Битолскиот регион нема нови врнежи од дожд, реките се вратија во речните корита и се во тенденција за намалување односно нивото на водата е намалено. На територија на Општина Ресен како резултат на обилните врнежи повеќе нема излевање на реките од речните корита нивото на водата е значително намалено и во опаѓање. Во општина Демир Хисар повеќе нема излевање на реките од речните корита нивото на водата е значително намалено. Пријава за одрон на Патниот правец R-1305 Битола-Кичево кај с. Железнец. Известени МВР ПС Демир Хисар и Македонија пат. На расчистување интервенира Македонија Пат.

И во Скопскиот регион, додава ЦУК, во моментов во РЦУК Скопје не се пристигнати пријави за нарушување на редовната состојба во Градот Скопје и неговата околина како последица од врнежите.

И во Струмичкиот, Штипскиот и Велешкиот регион поради обилните врнежи, нивото на речните корита е зголемен, но не е забележано излевање и состојбата е мирна. -На територијата на РЦУК Велес, РЦУК Неготино , РЦУК Кавадарци и РЦУК Свети Николе нема нарушување на редовната состојба, нема излевања на реките, додава ЦУК.

Оттаму додаваат дека во северозападниот регион што ги покрива РЦУК Тетово и РЦУК Гостивар состојбата е стабилна, а има пријава за одрон кај патот Маврово – Дебар од ЈП Македонија пат е испратена екипа на отстранување на одронот.

Би можело да ве интересира

На патниот правец Тетово-Бањиче има падната голема карпа на коловозот

Се стабилизира состојбата по обилните врнежи во земјава

ЦУК: Поплавени се ниви, дворови, куќи и магацини, регистрирани се мали одрони на одредени патни правци

ЦУК: Нема позначителни врнежи, а водостоите на реките се во опаѓање

ЦУК алармира: Дождовите предизвикаа сериозни проблеми низ земјава

Горан Наумовски

ЦУК: Поплавени се земјоделско земјиште, дворови, куќи, помошни објекти и магацини за складирање на јаболка во Ресен