ЦУК: Изминатото деноноќие три активни пожари

Од:

Во текот на изминатото деноноќие се евидентирани вкупно 38 пожари од кои три активни, пет ставени под контрола и 30 изгаснати.

Според најновиот извештај на Центарот за управување со кризи, активните пожари се во Општина Дојран с. Николич (нискостеблеста шума), Општина Велес с. Џидимирци (мешана шума) и Општина Македонски Брод помеѓу с. Црешнево, с. Крапа и с. Локвица (деградирана дабова шума и грмушки).

Под контрола се пожарите во Македонски Брод с. Слатина (мешана шума), Македонски Брод с. Слатина, Слатински извори (нискостеблеста мешана шума), Чучер Сандево с. Блаце с. Горњани, м.в. Рамна шума (шумски пожар), Долнени 1 с. Црнилиште (депонија) и Долнени 2 с. Дебреште (депонија).

Изгаснати се пожарите во Чучер Сандево црква Св. Тројца (ниска вегетација), Сопиште с. Света Петка (ниска вегетација), Ѓорче Петров с. Орман (ниска вегетација), Карпош ул. Скупи (ѓубре), Битола кај црква Св. Јован (ниска вегетација), Прилеп с. Бешиште, Бешишки Рид (мешана шума), Ресен с. Перово (овоштарник), Ресен с. Избиште (ниска вегетација), Демир Хисар с. Кутретино (ѓубре), Струмица с. Банско (ѓубре), Струмица с. Куклиш с. Муртино (депонија), Босилово с. Иловица (гранки), Босилово с. Старо Балдовци (ниска вегетација), Василево с. Владевци (гранки и ниска вегетација), Гевгелија с. Прдејци (вегетација, отпад, дрва), Радовиш с. Ињево (ниска вегетација), Македонски Брод с. Белица (нискостеблеста шума), Македонски Брод с. Рамне с. Ковче (пожар од фабрика Самоков), Велес ул. Јордан Џурнов (ниска вегетација), Чашка под Солунска Глава (само чад, шумски пожар), Кавадарци ул. Црноречка (ниска вегетација), Свети Николе с. Делисинци (куќа и вегетација), Куманово хотел Куба, Преовце (ниска вегетација), Куманово с. Лопате (крај пруга), Куманово Умин Дол (стрниште и вегетација), Куманово ул. Октомвриска револуција (вегетација и отпад), Старо Нагоричане с. Никуљане (мешана шума), Старо Нагоричане с. Руѓинце (ниска вегетација), Крива Паланка м.в. Бегови Бавчи (ниска вегетација) и Теарце с. Непроштено (ниска вегетација).

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрушевски: На повеќе места пожарите се подметнати, истрагата води до лица блиски до опозицијата

А1он

Активни се четири, а под контрола се шест пожари

Горан Наумовски

Седум пожари се активни, а четири се под контрола

Горан Наумовски

ЦУК преку СМС порака известува за кризната состојба прогласена за пожарите

А1он

Ангелов: Во земјава активни се пет пожари, вчера изгаснавме 66

А1он

ЦУК: Гори во Чашка, Блаце, Бешиште, Николиќ, Самоков, Локвица…

Горан Наумовски