ЦУК: 16 пожари на отворен простор, 7 се активни

Од:

Македонија е во алармантна ситуација со пожарите на отворен простор денеска до 18 часот регистрирани се вкупно 16 пожари, од кои 7 сè уште се активни, 4 се ставени под контрола, а 5 се изгаснати.

Најкритични точки во моментов се:

Василево, Радовиш и Берово пожарите беснеат во с. Нивичино, кај Готен и Малешевските Планини, каде што гори смрека, нискостеблеста шума и густа вегетација. Македонски Брод пламените јазици го зафатија с. Грешница и просторот меѓу Црешнево, Локвица и Крапа. Ресен трската и ниската вегетација кај Шурленци и Езерани се под оган. Желино гори меѓу селата Церово и Групчин. Прилеп огнот се шири од с. Штавица кон Чумово, Волково и Прилепец. Скопје (Шуто Оризари) пожар на ул. Брсњачка Буна.

Под контрола се пожари во:

с. Николиќ (Дојран), меѓу Џидимирци, Крушје и Иванковци (Велес), с. Симница (Гостивар), Радобилски Рид (Прилеп).

Изгаснати се пожарите во:

Индустриска зона (Куманово), с. Старо Нагоричане, с. Брвеница, с. Чајле (Гостивар), с. Горно Село (Долнени).

Надлежните служби се на терен, но високите температури и ветерот го отежнуваат гаснењето. Апел до граѓаните: не палете огнови на отворено, ситуацијата е крајно ризична.

Би можело да ве интересира

ЦУК: Од вкупно 22 пожари денес, само пет се активни

ЦУК: Од девет регистрирани пожари, четири се активни

ЦУК: Од вкупно 29 пожари во изминатите 24 часа, само три се активни

Горан Наумовски

ЦУК: Со денови гори букова шума на Кожуф

ЦУК: Пламна голем пожар во атарот на скопското село Батинци

Горат шуми кај скопските села Виниче и Зелениково, како и на планината Кожуф