„Најголемото зло во историјата на човештвото, фашизмот, има поддржувачи во Македонија, кои како никаде во светот добија можност својата болна и ужасна идеологија да ја промовираат во јавни медиуми во Република Македонија“, се вели во реакцијата на Центарот за слобода „Цивил“.
Објавувањето на поменот на Рудоф Хес во дневните весници Дневник и Вест (делови од групацијата МПМ), за „Цивил“ е невиден преседан во новата светска историја.
„Не веруваме дека било каде во светот ваков оглас би можел да се појави.Згрозени сме од величањето на една од најмрачните фигури во историјата на човештвото, десната рака на Хитлер, злосторникот Рудолф Хес.Кратко и јасно: за ваков оглас, одговорните треба да одат в затвор. Бараме итна истрага и казнување на авторите“, бара „Цивил“.