Цивил: Во Центар врие од нерегуларности

Од:

Набљудувачките тимови на Цивил на терен регистрираат низа нерегуларности при гласачкиот процес во Центар. Како што јавуваат оттаму, нивен набљудувач забележал јавно гласање на гласачкото место број 2817 во ОУ „Димитар Миладинов“.

На истото гласачко место имало и обид да се попречи нивниот набљудувач да ја изврши својата задача, со исто образложение како и претходно, дека нема посебно овластување од Цивил.

„Нашиот набљудувач, исто така, беше испрашуван од член на изборната комисија и од припадник на полицијата за тоа од каде се финансира проектот на Цивил и други прашања за нашата организација кои не се тема на изборите“ – велат од Цивил.

„Партиско агитирање и евидентирање на гласачи нашите набљудувачи забележаа во близина на речиси сите гласачки места. Наши набљудувачи и на неколку други гласачки места се предмет на испрашување и од набљудувачите на одредена партија. Партиски набљудувач му доставил усна поплака на набљудувач на Цивил дека пред ОУ „11 Октомври“ има легитимирање на гласачи пред да влезат на гласачките места“ – објаснуваат од организацијата.

Цивил констатира дека излезноста во Центар е видливо помала од претходните кругови на гласање во првите часови на денот на прегласување.

Неколку граѓани им се пожалиле дека биле збунети од флаерите со лажен датум на прегласување. На одреден број неподвижни граѓани вчера не им било овозможено да гласаат дома, иако на претходните два круга на гласање тоа им било овозможено. На едно гласачко место во Центар се забележува гласно вербално препукување меѓу партиски претставници на гласачко место.Голем број граѓани се јавуваат на дежурните телефони на Цивил со информации за нерегуларности во текот на прегласувањето, односно гласањето за втор круг во Долнени.Набљудувачите на Цивил и граѓаните на Струга јавуваат за видливо присуство на полицијата со возила на специјалните единици.

Би можело да ве интересира

Грузиската Централна изборна комисија ги објави конечните изборни резултати, опозицијата продолжува со протестите

Граѓаните не сакаат предвремени парламентарни избори, вели Мицкоски

Филипче: Ние сме подготвени за избори, ќе настапиме многу организирано и многу поуспешно

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Проруската владејачка партија прогласи победа во Грузија, опозицијата излегува на протести

Предраг Петровиќ

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар