ЦИВИЛ: Прегласувањето започна со големи нерегуларности

Од:

Прегласувањето на вториот круг во избирачките места во општина Центар започна со нерегуларности, односно со прекршување на изборниот молк, но и со уникатен обид за манипулирање со гласачите, стои во соопштението на ЦИВИЛ.

Како што с енаведува во соопштението на ЦИВИЛ, во текот на минатата ноќ или рано утрово, флаери и писма биле оставени во поштенските сандачиња и во влезовите на зградите насекаде низ општината каде што има прегласување, меѓу другите и во зградата во која се сместени канцелариите на Цивил.

Во едниот флаер и во писмото, од кое јасно се гледа дека е фалсификувано гласачите се повикуваат да излезат на гласање на 28 април, односно не денеска туку идната недела, а во другиот флаер граѓаните се повикуваат да не излезат на гласање, се вели во соопштението.

Набљудувачите, мобилните тимови и активистите на Цивил се распоредени на сите гласачки места на кои се прегласува денеска.

Во соопштението на ЦИВИЛ се наведува и дека на гласачкото место 2849 во 8.30 часот набљудувач на ЦИВИЛ бил попречен да ја извршува својата должност од страна на член на Изборната комисија, под образложение дека нема посебно овластување од ЦИВИЛ.

По долго убедување и прикажување на сите соодветни документи и акредитации набљудувачот, сепак продолжи да го следи изборниот процес, појаснуваат од ЦИВИЛ.

Би можело да ве интересира

Франција: До 17 часот гласале 59,39 отсто од гласачите, што е најголема излезност од 1978 година

Левичарските партии во Франција заедно излегуваат на избори против Макрон и Ле Пен

Макрон го распушти собранието и распиша избори за 30 јуни

A1on

Борисов со убедливо водство на изборите во Бугарија

A1on

„Галуп“ предвидува победа на ГЕРБ на изборите во Бугарија

A1on

Првична поекција на изборните резултати за Европскиот парламент: Либералите и Зелените во минус

A1on