ЦИК ја регистрира МАЕИ за учество на локалните избори во Албанија

Од:

Единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција – МАЕИ, и официјално влегува во трка за новата локална власт што ќе се избира на 14 мај.

-Тоа следува откако Централната изборна комисија на денешната јавна седница ја прифати пријавата доставена од нашата партија, по разгледувањето на доставената документација. Следните денови партиските органи ќе одлучат дали на изборите ќе одиме самостојно или во коалиција, а потоа и за имињата на кандидатите, потврди за МИА Васил Стерјовски, прв човек на партијата.

Додаде дека изборните коалиции до Комисијата треба до 16 март да достават пријава за учество на изборите, додека 27 март е крајниот рок за доставување на кандидатските листи на изборните коалиции, како и на политичките субјекти кои самостојно ќе учествуваат на изборите.

Покрај МАЕИ, ЦИК доцна попладнево објави дека денеска се прифатени барањата за учество на изборите на уште 41 политички субјект и на четири групи граѓани кои поддржуваат независни кандидати, две за Корча и по една за Тирана и Драч.

Комисијата утре треба да ја разгледа документацијата на уште десетина политички субјекти.

Би можело да ве интересира

Стерјовски не го доби потребниот број гласови за нов пратенички мандат

Ана Ололовска

Во новиот Совет на општина Пустец МАЕИ со четири советници

Ана Ололовска

МАЕИ: Македонците во Албанија бараат итно и безусловно ослободување на Едмонд Темелко

Ана Ололовска

МАЕИ: Македонците во Албанија не се Бугари

Наум Локоски