Членството на Македонија во ЕУ е клучно за спроведување на реформите, смета американската амбасадорка

Од:

Членството на Република Северна Македонија во Европската Унија е клучно за спроведување на реформите, смета американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер.

По посетата на американските војници, кои поддржани од Армијата изведуваат вежба на Криволак одговарајќи на новинарско прашање во врска со декемврискиот самит на ЕУ и неизвесноста околу добивање датум за преговори, поради неспроведените уставни измени уште еднаш повтори дека ставовите на САД се јасни во однос евроинтегративниот процес во земјата.

– Во секој случај нашите ставови се јасни. САД како што знаете не е членка на ЕУ, меѓутоа се надеваме дека во најбрз можен рок вие ќе станете членка во ЕУ, затоа што сметаме дека вашето членство во Унијата е клучно за спроведувањето на реформите и во исто време сметаме дека со можните направени промени ќе станете полноправна членка на ЕУ што е можно поскоро, изјави Агелер одговарајќи на новинарско прашање.

Би можело да ве интересира

Агелер со честитка до Сиљановска Давкова: Историски избор на прва жена претседател на Северна Македонија

Орце Костов

Левица бара извинување од Амбасадорката на САД за честитката до Џафери

А1он

Ковачевски-Агелер: САД сакаат да ја видат Македонија што поскоро во ЕУ

Агелер: Правниот тим на Амбасадата ги разгледува измените на КЗ, важно е да се почитуваат процедурите на правниот систем

Ковачевски-Агелер: Пратениците треба да покажат државничко однесување

Одлуките на САД се базираат на информации собрани во земјава, не во Вашингтон, што понатаму останува на надлежните тука, вели Агелер