Четврто вонредно собрание на Независниот синдикат на полицијата во Тетово

Од:

Подобрување на состојбите со вработените во полицијата беше главна тема на денешното четврто вонредно собрание на Независниот синдикат на полицијата (НСП) што се одржа во Тетово.

Според претседателот на НСП Гоце Делчев Тодев, главна цел е да им се укаже на членството и на другите припадници на полицијата дека независниот синдикат е втор репрезентативен синдикат на вработените во полицијата откако го надминал законскиот минимум од најмалку 20 отсто од вработените да бидат негови членови.

– Наша цел е надминување на сите превирања и проблеми на вработените во полицијата на целата територија на државата согласно законските прописи. Бараме нивно почитување за средствата што се определени за вработените да остануваат во полицијата наспроти досегашната практика на дел од вработените и раководителите во МВР што ја злоупотребуваат нивната позиција и работат спротивно на ваквите насоки од нашиот Синдикат. За сите вакви случаи ние имаме тим од 21 адвокат за одбрана на правата на вработените во МВР, но не сакаме да има тужби поради непочитување на законите, рече Делчев Тодев.

Членовите на Независниот синдикат на полицијата на собранието во најавија дека со засилување на синдикалната борба во следниот период ќе се обидат да го вратат достоинството и сите изгубени права за полициските службеници. Според нив, обезбедувањето на полицајците со соодветни услови за работа гарантира и подобра безбедност на граѓаните.

Би можело да ве интересира

Прв конгрес на гранскиот Независен синдикат на полицијата

Ана Ололовска

Делчев Тодев: Со Буџетот за 2021 година повторно не се предвидени средства за изедначување на платите на полициските службеници со административните службеници

Ана Ололовска

Средба на министерот Спасовски со делегација на Независниот синдикат на полицијата

Ана Ололовска

Полициската станица Танушевци осум дена без струја, а МВР набавува 600 ремени за 300.000 евра

Маја Илиевска-Пачемска

Независен синдикат на полицијата: Не може да има пари за СЈО и за Фонд за инвестициии, а за награда за полицајците да нема

Маја Илиевска-Пачемска

НСП: Да се потпишат 532 решенија на приправниците и тие да почнат со работа

Ана Ололовска