Четврти меѓународен научен симпозиум „Денови на Јустинијан I”

Од:

Педесетина професори и научници од 15 земји ќе учествуваат на Четвртиот меѓународен научен симпозиум „Денови на Јустинијан I” кој ќе се одржува денеска и утре во организација на Универзитетот „Евро-Балкан“ и Универзитетот во Болоња, во партнерство со Институтот за национална историја и со  поддршка од Министерството за култура.

Научниот симпозиум денеска ќе биде отворен со обраќања на професорите Џузепе Маино, коорганизатор на Меѓународниот симпозиум од Универзитетот во Болоња, и Митко Б. Панов, претседател на меѓународниот организациски и научен комитет, и со обраќање на Карло Ромео, амбасадор на Италија во Македонија. На првиот ден од симпозиумот ќе биде промовиран и Зборник на трудови од третиот симпозиум, приреден од проф. д-р Елизабета Димитрова.

-Меѓународниот научен симпозиум „Денови на Јустиниан I” е годишен интердисциплинарен научен форум за презентација на најновите истражувања проследени со дискусија за различни аспекти на византолошките и средновековните студии, што го вклучува третманот и интерпретацијата на културното, историското и духовното наследство во современа Европа.

– Симпозиумот е посветен на императорот Јустиниан Први и има цел да опфати широк спектар на прашања поврзани со Византија и европското средновековие, што го опфаќа истражувањето на културното и историското наследство како интегративна компонента на различноста и заедништвото на обединета Европа, соопштија организаторите.

Специјална тематска целина на годинашниот меѓународен симпозиум е „Византиското мисионерство и придобивките за Европа“, со што се одбележува 1100-годишнината од упокојувањето на св. Климент Охридски.

Би можело да ве интересира

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование