Четврта жртва на грипот сезонава

Од:

Маж на возраст од 43 години од внатрешноста со детектиран вирус на грип од типот А почина на Клиниката за инфективни болести во Скопје, информира денеска д-р Валерија Кирова Урошевиќ, специјалист инфектолог.

Ова е четврта жртва на вирусот на грип сезонава.

Таа истакна дека пациентот бил примен на Клиниката на 16 февруари, а починал на 17 февруари.

– Пациентот е примен во исклучително тешка состојба, но и со претходно тешки невролошки заболувања. И покрај преземените мерки за интензивно лекување, тој почина, изјави д-р Кирова Урошевиќ.

На Клиниката во моментот се хоспитализирани тројца пациенти во критична состојба, но и уште неколку кои се со најчеста компликација – бронхопневмонија.

– Континуирано има голем број прегледи низ амбулантите, околу сто пациенти за 24 часа, главно со дијагноза грип, но и со друга мешана патологија, додаде д-р Кирова Урошевиќ.

Би можело да ве интересира

Две лица од Скопје и Штип починаа од грип, се зголемува бројот на заразените

Се зголемува бројот на заболени од грип

МЗ: Вакцина против сезонски грип примиле 50 илјади граѓани

А1он

Започнува вакцинацијата против сезонски грип

А1он

ИЈЗ: Се намалува бројот на заболени од грип, досега починале 14 лица

Горан Наумовски

Намалување на бројот на заболени од грип