Четириесет и четири отсто од Македонците се чувствуваат среќни

Од:

Речиси половината, односно  44 отсто од македонските граѓани се чувствуваат среќни, 12 проценти се несреќни, 42 отсто ниту се среќни ниту, пак, несреќни, а 1 отсто одбиле да дадат одговор на анкетата спроведена од БРИМА, македонскиот член на Gallup International.

Анкетирањето е спроведено од 24 до 30 ноември годинава врз репрезентативен примерок од 1.210 испитаници по принципот „лице-в-лице“ во домот на испитаникот, како дел од глобалното истражување извршено од страна на WIN-Gallup International во 54 земји врз повеќе од 55.817 мажи и жени. По принципот лице-во-лице истражувањето е спроведено во 31 земја со 32.747 испитаници, преку телефон во 10 земји со 8.889 и он-лајн во 14 земји со 14.181 испитаник.

Според резултатите од испистувањето во Македонија, 20 отсто од Македонците се надеваат дека новата 2013 ќе биде економски попросперитетна од 2012,  34 проценти очекуваат да биде полошо, 40 отсто не очекуваат никакви промени, а 6 отсто не дале одговор.

Мнозинство од светот, 53 отсто кажуваат дека се чувствуваат среќни во однос на нивниот живот, 13 проценти се несреќни, 32 отсто ниту среќни, ниту несреќни, а 2 отсто не дале одговор.

Според глобалниот барометар на надеж и среќа, 35 отсто од луѓето во светот се со надеж за економски просперитет во 2013, 28 отсто очекуваат да биде полошо од 2012, 29 отсто не очекуваат некакви промени, а 8 отсто не дале одговор. Нето надежта во земјава изнесува -14%.

Најнадежни земји се Грузија со 63 отсто, Азербејџан со 56 и Бразил 45 отсто. Најбезнадежни земји се Португалија со -85 отсто, Франција со -67 и Либан со -66 отсто. Најбезнадежна од регионот е Босна со -53 отсто.

Истражувањето на WIN-Gallup International покажува дека економската безнадежност се намалува насекаде низ светот, а надежите за економијата се пораснати од -2 на 7 отсто, што претставува пораст од 9 процентни поени во однос на минатата годинна и оти трендот на безнадежност во Западна Европа и Северна Америка е стопиран.

Би можело да ве интересира

ДЗС: Повеќе договорени, а помалку извршени градежни работи во странство

Помалку издадени одобренија за градба во мај

Горан Наумовски

Вкупниот прометот во индустријата во април намален за седум отсто

За една година затворени 14 училишта во Македонија: Намален е бројот и на паралелки и ученици

Александар Тодески

Лани поднесени обвиненија за половина од примените пријави за злоупотреба на лични податоци

Александар Тодески

Негативен природен прираст во 2022 година

А1он