Четири фирми во трка за изградба на пешачкиот мост на реката Брегалница во Делчево

Од:

Четири компании доставиле документација на тендерот за изградба на пешачкиот мост на реката Брегалница што го распиша Центарот за развој на Источниот плански регион.

Проценетата вредност на мостот е 6,3 милиони денари без ДДВ, а 65,5 проценти од сумата се од Бирото за рамномерен регионален развој обезбедени преку Центарот за развој, а останатите 34,5 проценти се пари од буџетот на општина Делчево.

– Сите фирми доставиле понуди повисоки од проценетата вредност. Во моментот се врши евалуација на доставената документација по што ќе се знае кои фирми ќе може да учествуваат на електронска аукција. Таа се очекува да биде закажана наредната недела, информираат од Центарот за развој на Источниот плански регион.

Ако се оди според планираното, од општината очекуваат изградбата на мостот да почне на 15 ноември и да заврши на 30 јуни следната година.

Првиот пешачки мост на реката Брегалница во Делчево ќе биде изграден од челична конструкција, а предвидено е покрај основната намена, да биде ставен и на туристичката понуда на градот.

Би можело да ве интересира

Стан изгоре во пожар во Делчево

Мицкоски: Многу е важно да се гради Македонија насекаде, не е важно кој градоначалник од каде е

МВР поднесе кривична за директор од Делчево, им дозволил на вработените да возат нерегистрирани возила

Приведена 76-годишна жена од Делчево за предизвикување пожар

Катерина Ѓуровски

Избувна пожар во помошен објект во Делчево

Горан Наумовски

Кривична за маж од Делчево, предизвикал пожар од невнимание