Четири девојки повредени во сообраќајна несреќа на патот Штип-Струмица

Од:

Четири тинејџерки се повредени во сообраќајна несреќа што се случила утрово околу 03.50 часот на магистралниот пат Штип-Струмица.

Несреќата се случила кога автомобил „БМВ“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Д.З. (21) од Штип излетало од патот и удрило во две дрва кои се скршиле и паднале. Едното дрво паднало врз паркирано патничко возило „Пежо 206“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на Е.Ј. од Куманово.

По незгодата, возачот и сопатничките М.Д. (19), М.П. (19), Т.Н. (18) и З.П. (19), сите од Штип, биле пренесени во Клиничка болница Штип каде им била укажана лекарска помош. Поради сериозноста на повредите М.Д. била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Т.Н. со тешки телесни повреди била задржана на лекување во Клиничката болница Штип, како и З.П. и М.П., кај кои биле констатирани телесни повреди. Возачот Д.З. е задржан на испитување во болницата во Штип.

Увид на местото на настанот, по овластување на Јавен обвинител, извршила екипа од СВР Штип.

Би можело да ве интересира

Момче (19) загина во сообраќајка во Хрватска, двајцата сопатници се неповредени

А1он

Со дронови и „Безбеден град“ пронајден превртениот мерцедес кај Блаце

Катерина Ѓуровски

Трагедија на патот Блаце–Скопје: Во превртен „мерцедес“ пронајдени мртви три косовски државјани

Катерина Ѓуровски

Сообраќајка во центарот на Скопје – повреден е мотоциклист

А1он

Жена загина во сообраќајна несреќа кај Струмица

Се судрија автомобил, мопед и тротинет во скопски Чаир

А1он