Четири активни пожари во земјава, уште гори кај Будинарци и Сарај

Од:

Во земјава во моментов има четири активни пожари информираат од Центарот за управување со кризи. Претпладнево романскиот специјалзиран авион „Спартан“ го гаси пожарот кај Ласкарци, а потоа се очекува да оди во Будинарци. Овој пожар кој перидов направи најсериозни проблеми е делумно под контрола и се очекува денеска да биде изгаснат велат од ЦУК.

Од утринава таму дејствуваат припадници на АРМ и еден хеликоптер, меѓународните сили од Бугарија, Австрија и Словенија, од Дирекција за заштита и спасување, МВР, локално население, изјави Марија Милкова од Центарот за управување со кризи.

Само за гаснење на пожарот во Будинарци се ангажирани повеќе од 500 лица, информира на денешната прес-конференција директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

– На лице место кај овој пожар имаме 130 пожарникари од Австрија со 52 возила, 45 лица од Словенија со четири противпожарни возила и 25 лица од Бугарија со пет возила. Покрај ова имаме повеќе од стотина локални пожарникари. Имаме повеќе од 130 припадници на полицијата. Припадници на армијата, припадници на „Национални шуми“, коишто исто така имаат противпожарна служба, нагласи Ангелов.

Пожарот во општина Сарај, поточно во местата Раовиќ-Буковиќ-Ласкрци, исто така е делумно под контрола, но активен. Од ЦУК велат дека во моментов пожарот е тивок и нема опасност да се прошири кон ловиштето Јасен, од каде што имаат 24-часовни дежурства.

-Во Делчево, Нов Истевник, Ранковце, Битола, Старо Нагориачен, Прилер (Плетвар, Дрен и Смолани), пожарите се локализирани. Да се надеваме дека временските услови ќе одат во наш прилог, но кохезијата на силите од терен од нашата земја, Австрија, Словенија, Бугарија, дејствуваат со проверени методи, дополнуваат од ЦУК.

130 австриски пожарникари се распоредени во селото Будинарци и во околината, словенечките 48 пожарникари како и 25 од Бугарија делуваат на потегот кај село Разловци до село Будинарци информираат од ЦУК.

Од Министерството за одбрана информираа дека во изминатите десетина дена од избувнувањето на пожарите, 1 500 припадници на Армијата се вклучија во справувањето со огнената стихија.

Во текот на изминатото деноноќие во активностите за гаснење и превенирање на пожарите од Министерството за внатрешни работи биле ангажирани околу 588 полициски службеници.

Би можело да ве интересира

Левица: Шумите изгореа, а власта го крати буџетот

По четири дена изгаснат е пожарот на планината Беласица

Пожарот на Беласица синоќа се приближил кон црквата во селото Смоларе

Локализиран е пожарот на планината Беласица

Пет пожари на отворено низ државава изминатото деноноќие

Еден активен пожар и еден под контрола од вчерашните 22 на отворено низ државава