Честитка по повод празникот Курбан Бајрам од градоначалникот на Штип

Од:

Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, денеска по повод празникот Курбан Бајрам упати честитка до сите верници од исламската вероисповед во Република Македонија, во која се вели:

„Дозволете ми во мое лично име и во име на Општина Штип, на сите Вам сограѓани од Исламската верска заедница во Република Македонија да Ви ги упатам искрени честитки по повод големиот верски празник Курбан Бајрам и воедно да Ви посакам добро здравје и многу успеси. Празничните мигови нека донесат мир , почитување, благосостојба и сите заедно да чекорими по патот на вистинските вредности.

Заеднички да ги славиме и негуваме меѓусебната толеранција, солидарност и почит како темели за напредокот на нашата држава и сите нејзини граѓани. Во оваа прилика уште еднаш да посакам мир и љубов, на сите Вам наши сограѓани. Овој голем празник да го поминете во кругот на семејството во добро празнично расположение,“ стои во честитката од градоначалникот Бочварски.

Би можело да ве интересира

Верниците од исламска вероисповед го слават Курбан Бајрам

Ана Ололовска

Честитка од Џафери по повод Курбан бајрам

Ана Ололовска

Честитка од претседателот Пендаровски по повод муслиманскиот празник Курбан бајрам

Ана Ололовска

Ахмети: Честит Курбан барјам, почитувајте ги препораките

Ана Ололовска

Верниците од исламска вероисповед го слават Курбан бајрам

Ана Ололовска

АХВ пред Курбан Бајрам апелира да не се купува месо на диви пазари

Жарко Настоски