Честитка од претседателот Пендаровски по повод христијанскиот празник Христовото раѓање – Божик

Од:

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, упати честитка до граѓаните по повод христијанскиот празник Христовото раѓање – Божик.

– Од се срце посакувам празничните денови да ги пречекаме во добро здравје, радост и среќа споделувајќи љубов и хармонија со нашите најблиски. Празничните денови кои ги минуваме во нашите домови исполнети со светлина и топлина, нека не инспирираат да се грижиме и да им подадеме рака на сите на кои им е потребна материјална и духовна поткрепа, стои во честитката од претседателот Пендаровски.

Христовото раѓање, подвлекува, е празник кој дава смисла на нашето човекување и ни ја всадува вербата во подобро утре исполнето со мир, љубов и благосостојба.

– Пораките на овој празник нека допрат до нашите срца и нека не следат цела година давајќи ни сила заеднички да се соочиме со сите предизвици кои ни претстојат. Само со заедништво, солидарност, разбирање и меѓусебна почит ќе дојдеме до личен просперитет и развој и напредок на нашата татковина, порачува претседателот на државата Стево Пендаровски.

Би можело да ве интересира

Божикна средба кај архиепископот Стефан

За Бадник и Божик автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред

Со божиќна порака, бискупот Киро Стојанов повика на заедништво

Филипче: Да создадеме трајни вредности за идните генерации

Автомобил удри во група луѓе на божиќна парада во Холандија – десетина повредени

А1он

Германските трговци очекуваат слаба продажба за време на празничната сезона