Честитка од претседателот на Собранието за Рамазан Бајрам

Од:

Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски денеска до претседателот на Исламската верска заедница во Република Македонија, Реис ул улема хаџи ефенди  Сулејман Реџепи, членовите на Ријасетот и сите верници од исламската вероисповед  упати честитки по повод исламскиот празник Рамазан Бајрам.

– Во оваа прилика сакам да истакнам дека Република Македонија преку почитувањето на верската различност и негувањето на толеранцијата е пример за едно современо општество. Убеден сум дека сите заедно ќе продолжиме во заложбата за унапредување на меѓусебните односи во Република Македонија кои традиционално се одвиваат во духот на меѓусебното разбирање и ќе градиме еден постојан дијалог што е од интерес за доброто на сите граѓани и за иднината на нашата држава, стои во честитката од претседателот на Собранието, Вељаноски.

Би можело да ве интересира

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Почна Рамазанскиот пост

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска

Собранието ќе ги констатира оставките на Бислимовски и на Ристовска и ќе избере нов уставен судија