Честитка од премиерот Груевски по повод Раѓањето Христово – Божик

Од:

По повод големиот христијански празник – Рождество Христово Божик, премиерот Никола Груевски денеска упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан и до сите верници од Македонија и дијаспората.

– Божиќ е празник на кој треба да се присетиме дека Бог се роди за нас луѓето, за никогаш да не останеме сами. За нашите страданија да ги пребродиме, неволјите да ги разрешиме, жалостите да ги надминеме, радостите да ги удвоиме, и секогаш да создаваме дела и вредности кои ќе бидат од корист за народот. Чувајќи го Бог во себе, на сами себе си даваме смирение, шириме љубов, толеранција и трпение, еден со друг се почитуваме и меѓусебно се разбираме. Тоа се вредности кои треба да ги негуваме и шириме, како во нашите семејства, така и во нашата заедница, во нашето општество, во нашата Македонија. Само на тој начин ќе излеземе во пресрет на сите искушенија кои ни ги носи животот, денешницата и овоземното постоење, се вели во честитката од премиерот Груевски.

Верувајќи и водејќи се од вредностите, се наведува во честитката, сите ние да продолжиме со залагањата за подобрување на секојдневието на нашите граѓани, да продолжиме со силното темпо на реформите и модернизацијата, со напорите за овозможување на економски развој и подобар стандард, за просперитет и благосостојба, и за изградба на силна, модерна и напредна Република Македонија.

– Нека Бог биде постојано со нас, со нашите граѓани и со нашата Татковина! Нека ни принесе мудрост и добрина! Нека е за многу години големиот христијански празник – Рождество Христово – Божиќ!, стои во честитката од премиерот Груевски.

Би можело да ве интересира

Џафери за новите автомобили: Лизингот е поевтино решение, ако останат во Владата одржувањето ќе биде скапо

Орце Костов

Ковачевски му ја предаде функцијата на Џафери: Повика сите министри да работат во интерес на граѓаните

Орце Костов

Ирскиот премиер Варадкар во посета на Македонија

А1он

Трудова ќе ги проверува синдикатите во М-НАВ: „Таа фирма е семејна, брат му на Тасевски работи таму, татко му работел таму“

Орце Костов

Обичаи за вториот ден од Божиќ: Заблагодарете се на Богородица

А1он

Познати личности кои слават Божиќ на 7 јануари

А1он