А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Честитка од премиерот Димитриев по повод Водици

by А1он19/01/2017 - 10:5719/01/2017 - 10:58163
Share0

Претседателот на Владата Емил Димитриев денеска, по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан и до сите православни верници во Република Македонија и во дијаспората.

Добивај вести на вибер

– Славејќи го Богојавление и нашата верба во Бога, го следиме Христовото учење за мирен, спокоен и богоугоден живот, за трпение и милосрдие, за чиста и искрена мисла. Таа верба во Бога со векови била нашата најголема и најзначајна сила за соочување со сите предизвици и за победи при сите искушенија, носејќи ни успеси, напредок и просперитет. Вредностите кои ги носи овој празник да ни помогнат да продолжиме да работиме за доброто на сите граѓани на нашата земја, за подобрување на економијата, за унапредување на стандардот на населението, за создавање на услови за раст и развој во секоја општествена сфера и изградба на напредна Република Македонија, стои во честитката.

Токму затоа, додава Димитриев, и оваа година, прославувајќи го овој голем празник, да се помолиме на Бога да ги освети нашите реки и езера, да ги благослови нашите граѓани и нашата држава, дарувајќи ни здравје, среќа и благодет.

vodici

Би можело да ве интересира

Двајца скопјани кои вчера скокаа по светиот крст се спасени од давење во Вардар

Горан Наумовски20/01/2026 - 14:2020/01/2026 - 14:21

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски19/01/2026 - 12:4819/01/2026 - 12:57

Мицкоски: Време е за чесност, солидарност и грижа за заедничкото добро

Горан Наумовски19/01/2026 - 11:0919/01/2026 - 11:16

Дамјан Стефановски најсреќен по фаќањето на светиот крст во Дебар

Горан Наумовски19/01/2026 - 11:05

Мартин Гоџо го фати Чесниот крст на Богојавление во Охрид

Горан Наумовски19/01/2026 - 10:44

Досега 140 пријавени за фаќање на крстот во Вардар на мостот „Слобода“ во Скопје

Горан Наумовски16/01/2026 - 14:21
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен