Македонското друштво „Илинден“ со седиште во Тирана и огранокот за Голо Брдо упатија честитка по повод празникот Курбан Бајрам.
Во честитката се посакува празникот да биде одбележан во кругот на семејствата, роднините и пријателите, во хармонична и весела атмосфера, во духот на спокојството и меѓусебна солидарност.
– Почитувани верници со исламска вероисповед во Република Македонија, во Република Албанија и во целиот свет, празнувањето на Курбан Бајрам поминете го со пораки за добро здравје, среќа и бериќет во семејствата. Вашите мисли и срца нека бидат свртени кон мирот, радоста и заедништвото, како основни вредности за меѓусебно почитување. Во духот на празникот, споделете ја среќата и радоста со сите оние на кои им недостасува, зошто тоа е една од најголемите хумани вредности. Светлината на овој празник нека израдува секого, стои во честитката потпишана од претседателот на друштвото Никола Ѓурѓај и на огранокот Или Халилај.
Во честитката се наведува добрата мисла и добрите човекови дела да владеат како за празникот, така и во текот на целата година, Бог сите домови да ги исполни со радост, а човечкото срце со добрина во деновите на празникот, но и секој ден.