Честитка од МД „Илинден“ по повод големиот христијански празник Водици

Од:

Македонското друштво „Илинден“ со седиште во Тирана, од името на сите Македонци во Албанија, упати честитка до поглаварот на МПЦ-ОА, неговото блаженство архипископ Охридски и Македонски г.г. Стефан и до сите православни верници по повод големиот христијански празник Богојавление-Водици.

Богојавление е настан што просветлува и не поучува на прочистувањето кога постои вистинската верба, се наведува во чститката и се посочува дека радувајќи се на Исусовото крштевање и осветувајќи ги македонските води да си посакаме подобра иднина, знаење, мудрост и енергија, сила и верба за позитивните исчекори.

– Да се помолиме и да си посакаме убави празнични денови, а убавите мисли и дела, честа и достоинственоста да не следат и да се постојано со нас и оваа година. Бидете благословени и нека ни е честит големиот христијански празник Ваше Блаженство,стои во честитката.

Во духот на македонските обичаи и традиции празникот Водици се слави насекаде во Албанија каде што живеат Македонци, Мала Преспа, Голо Брдо, Врбник и во поголемите градови низ Албанија.

Крстот украсен со босилок во Голо Брдо се полага во реките, додека во Мала Преспа традиционално сите села полагаат крст во Преспанското Езеро.

Би можело да ве интересира

Двајца скопјани кои вчера скокаа по светиот крст се спасени од давење во Вардар

Горан Наумовски

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

Мицкоски: Време е за чесност, солидарност и грижа за заедничкото добро

Горан Наумовски

Дамјан Стефановски најсреќен по фаќањето на светиот крст во Дебар

Мартин Гоџо го фати Чесниот крст на Богојавление во Охрид

Досега 140 пријавени за фаќање на крстот во Вардар на мостот „Слобода“ во Скопје