Честитка од МД „Илинден“ по повод Денот на народното востание

Од:

Македонското друштво „Илинден“ со седиште во Тирана и огранокот за Голо Брдо од името на сите Македонци кои живеат во Албанија упати честитка по повод 11 Октомври-Денот на народното востание.

– Со голема почит кон загинатите борци, народни херои и дејци и на сите што ги дале своите животи во НОБ и Револуцијата, сите кои се втемелија во државноста и она што се нарекува независна и суверена Македонија, давајќи го најдрагото, својот живот, во името на Македонско друштво „Илинден“-Тирана и огранокот за Голо Брдо Ви го честитаме 11 Октомври-Денот на народното востанието. Да го почитуваме и славиме овој голем ден, стои во честитката.

Денеска, како што е наведено во честитката, да се потсетиме и да им оддадеме достојна почит на оние кои се бореа за слободата, потврдувајќи ја нивната пожртвуваност и патриотизам.

– До сите Македонци каде и да се на земјината топка порачуваме да ја сакаме и почитуваме како светост нашата Македонија, порачува Македонското друштво „Илинден“, во честитката потпишана од претседателот на друштвото Никола Ѓурѓај и претседателот на огранокот за Голо Брдо, Или Халилај.

Би можело да ве интересира

Претседателот Пендаровски и делегации од Кабинетот положија цвеќе по повод 11 Октомври

Ковачевски: Прогресот е одраз на непокорот, со мудри одлуки да се справиме со антиевропската агенда

На композиторот Љупчо Константинов ќе му биде врачена наградата „11 Октомври“

Прилеп го чествува 11 Октомври

Под мотото „Непокор и слобода“ се одбележува 11 Октомври

Катерина Ѓуровски

Ковачевски: Македонија останува на вистинската страна избирајќи го европскиот пат