Честитка од Комисијата за верски заедници по повод Водици

Од:

Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи по повод претстојниот голем христијански празник Богојавление-Водици денеска упати честитки до Македонската православна црква – ОА и архиепископот г.г Стефан.

– Славејќи го Христовото крштевање го прославуваме нашето духовно раѓање и нашата вера. Тоа е настан што не поттикнува да се пронајдеме во верата и да го сочуваме и продолжиме Христовото учење за богоугоден, мирен и спокоен живот, за покајанието и прочистувањето, за љубовта помеѓу луѓето, трпението и милосрдието, се вели во честитката.

На овој голем богојавленски празник, истакнува Комисијата за односи со верските заедници, да празнуваме и да се радуваме на денот кога со осветувањето на водите и објавата на Божјиот лик помеѓу луѓето се осветли човековиот живот, и да веруваме дека верата е нашата најголема сила за да се издржат сите предизвици и искушенија, и е единствениот пат кон нашите успеси и напредокот.

– Да си посакаме покрстената вода да ни даде нова сила за нови дела, да ја прочисти нашата душа и да ги зближи луѓето.Нека ни е честит и вековит, големиот христијански празник- Богојавление Водици, наведува во честитката Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи.

Би можело да ве интересира

Двајца скопјани кои вчера скокаа по светиот крст се спасени од давење во Вардар

Горан Наумовски

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

Мицкоски: Време е за чесност, солидарност и грижа за заедничкото добро

Горан Наумовски

Дамјан Стефановски најсреќен по фаќањето на светиот крст во Дебар

Мартин Гоџо го фати Чесниот крст на Богојавление во Охрид

Досега 140 пријавени за фаќање на крстот во Вардар на мостот „Слобода“ во Скопје