Честитка од Груевски по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски по повод големиот христијански празник, Богојавление – Водици упати честитка до поглаварот на Македонска православна црква – Охридска архиепископија, архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан, до членовите на Синодот, до свештенство и монаштво, како и до сите православни верници во Република Македонија и дијаспората.

– Славејќи го крштевањето на нашиот Спасител, Исус Христос, денес сите ние го славиме Богојавление – симболот на духовното раѓање, на спасението, прочистување, просветлување и почетокот на нашето живеење во верата.

Празнувајќи го Богојавление да се помолиме на Бога да ги освети нашите води и да ги просветли нашите души и нашите семејства, дарувајќи ни здравје, среќа, бериќет, повеќе радост. Онака како што денес свечено, со литија, молитви и силна верба во Бога тргнуваме кон местата на водосветот, со истата верба да продолжиме да чекориме по патот на успехот и просперитетот на нашата татковина. Со Божја помош и Божји благослов, да создаваме нови дела за Македонија и нашите идни поколенија. Нека Бог ни помогне во сите искушенија и предизвици да истраеме, нека дарува мудрост и сила да го зацврстиме единството, да се почитуваме, да си помагаме и да ги унапредуваме вредностите кои се предност на нашето општество, наведува Груевски во честитката.

Би можело да ве интересира

Двајца скопјани кои вчера скокаа по светиот крст се спасени од давење во Вардар

Горан Наумовски

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

Мицкоски: Време е за чесност, солидарност и грижа за заедничкото добро

Горан Наумовски

Дамјан Стефановски најсреќен по фаќањето на светиот крст во Дебар

Мартин Гоџо го фати Чесниот крст на Богојавление во Охрид

Досега 140 пријавени за фаќање на крстот во Вардар на мостот „Слобода“ во Скопје