Честитка од Божиновска по повод Богојавление – Водици

Од:

Директорот на Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи, Валентина Божиновска по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици упати честитка до архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан и до членовите на Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископија.

– Празнувајќи го денот на Христовото крштевање ја празнуваме светата тајна на духовното раѓање и единство со нашата вера. Тоа е настан што нè поттикнува да се пронајдеме во верата, да го сочуваме и продолжиме христијанското учење за покајанието и прочистувањето, за љубовта, трпението и милосрдието. На овој голем богојавленски празник, да празнуваме и да се радуваме на денот кога со осветувањето на водите и објавата на Божјиот лик помеѓу луѓето се осветли човековиот живот, со желба покрстената вода да ни даде нова сила за нови големи дела и успеси. Радувајќи се на Христовото крштевање, осветувајќи ги македонските води, да си посакаме подобра иднина, здравје, а објавата на божјиот лик да нè зближи уште повеќе како народ во верата и среќата кои произлегуваат од големината на овој ден. Нека ни е честит и вековит, големиот христијански празник- Богојавление – Водици, стои во честитката.

Би можело да ве интересира

Двајца скопјани кои вчера скокаа по светиот крст се спасени од давење во Вардар

Горан Наумовски

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

Мицкоски: Време е за чесност, солидарност и грижа за заедничкото добро

Горан Наумовски

Дамјан Стефановски најсреќен по фаќањето на светиот крст во Дебар

Мартин Гоџо го фати Чесниот крст на Богојавление во Охрид

Досега 140 пријавени за фаќање на крстот во Вардар на мостот „Слобода“ во Скопје