Чавков: Немав комуникација со Јанакиески и со Ристовски на 27 април

Од:

Со сослушање сведоци предложени од одбраната во Основниот кривичен суд во Скопје денеска продолжи судењето за организаторите на настаните во Собранието од 27 април 2017 година.

Прв сведочеше поранешниот шеф на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков, кој рече дека на 27 април 2017 година имал интензивни комуникации со своите колеги задолжени за извршување на полициски акции и дека немал никаков контакт со Миле Јанакиески и со Спиро Ристовски.

-Воопшто не сум имал никаква комуникација ниту на 27 април, ниту пред, ниту потоа со Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, рече Чавков.

Oколу 20:30 часот имал телефонски повик од Никола Груевски.

-Јас како координатор на телото за воспоставување безбедност на протестите веќе имав преземено акции и контролата беше воспоставена. Повторувам, не сум имал никаква комуникација освен со луѓе директно вклучени за спроведување на полициската акција, значи ниту со Миле Јанакиески, ниту со Спиро Риистовски, само телефонско јавување од Никола Груевски, рече Чавков.

За комуникација со Александар Василевски Нинџа во врска со протестите пред Собранието, Чавков рече дека Нинџа го знае само по прекар и дека е дел од криминалното миље, но дека не го познава.

-Првпат физички го сретнав и видов како изгледа во оваа судница, појасни Чавков.

Прашан дали на 27 април 2017 година бил во штабот на ВМРО-ДПМНЕ, Чавков рече дека ако некој посочи дека го видел таму, лаже. На прашање од Судот дали е член на политичка партија, рече дека е член на ВМРО-ДПМНЕ од 1998 година, но дека никогаш немал партиска функција.

-Моите ангажмани беа поврзани само со МВР и полициските структури и мојата кариера нема никаква врска со политика, рече Чавков.

На денешното рочиште се повикани повеќе сведоци меѓу кои и Емил Димитриев и Кирил Божиновски.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Вилма Рускоска.

Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељановски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК Владимир Атанасовски.

Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

Би можело да ве интересира

Судењето за „Организатори на 27 април“ одложено за 30 април

Судењето за „Организатори на 27 април“ одложено за 30 јануари, се чека мислење од Врховен за Законот за амнестија

Горан Наумовски

Кривичен суд ги отфрли како неосновани барањата за амнестија за случајот „Организатори на 27 април”

Мисајловски: Одлуката од Стразбур за Елена Доцевска Божиновска е победа на правда, а пораз за власта

ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката на Стразбур е доказ дека 27 април беше политички процес кој имаше за цел притисок врз опозицијата и обезбедување гласови за уставни измени

Реакција на Кривичен суд: Апелационите судии наместо да ги држат по една година и да ги враќаат предметите можат мериторно да одлучуваат

Горан Наумовски