Чаусидис: Објектот на Субрата Рој не треба да се гради

Од:

Не гледам добро на проектот кој треба да се гради во Лубаништа од страна на Индиецот Субрата Рој, вели познатиот архитект и археолог Никос Чаусидис. Според него, Македонија не треба да дозволи гости од страна да прават конфигурација на работи кои се многу важни места за нас, смета Чаусидис.

„Не гледам добро на тој проект. Сметам дека е предимензиониран и дека е без соодветните процедури и создава друга слика кај луѓето. Јас мислам дека таа природа и тој амбиент таму не можат да издржат толкав објект“, вели Чаусидис.

„Секогаш треба да постои принципот, прво ние да планираме што треба да се направи, и евентуално ако доаѓаат надворешни инвестиции тие да се вклопат во нашите планови.

tribinaNIKOS

– Охрид е многу чувствително подрачје заедно со Охридското езеро од археолошки аспект и од аспект на тоа кој концепт во туризмот треба да го презентираме. Дали тоа ќе биде концепт на масовен туризам или на индивидуални туристи со посебен идентитет“, вели Чаусидис.

Културното наследство ако е под заштита на УНЕСКО не треба да се чепка бидејки тоа е строго заштитено, потенцира Чаусидис.

ohrid-sahara-grup

„Во светот е тоа многу ригорозно. Ако станува збор за културно наследство особено заштитено од УНЕСКО и од некои други организации тоа значи-немој да го чепкаш. Значи се треба да остане како што е.

– И ние тоа не го разбираме и затоа многу објекти и тоа најпознатите објекти во Македонија ги зачувуваме така што градиме десет пати поголеми објекти покрај нив. Бигорскиот манастир е најубавиот манастир во Македонија со убави и стари конаци. Сега имаме 70% повеќе нови градби во опожарениот објект, и фактички сега имаме само 10 % оригинал“, вели Чаусидис.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Споменикот на Мајка Тереза на плоштад ќе биде украсен со милосрдни сестри, ангели и декоративни венци

Ана Ололовска

Синот на Субрата Рој, Сушанто, пред суд за неплатен долг

Ана Ололовска

Тимотеј за А1он: Дали е за Субрата или за некој друг „Субрата“, Црквата не е заинтересирана за отуѓување на имотот

Ана Ололовска

Сахара Индија Паривар: Остануваме посветени, Македонија е главниот фокус за нашите бизниси

Ана Ололовска

(ВИДЕО) ЛДП бара оставка од Груевски поради белосветската измама со Субрата Рој

Ана Ололовска

СДСМ: Субрата Рој стана наводен инвеститор и за Груевски откако нанесе непоправливи штети

Ана Ололовска