Обвинетиот во случајот „Фабрика за афери“, Захир Бекири – Чаушот во своите завршни зборови од судот побара да го ослободи и обвини дека целиот случај во којшто е тој обвинет бил конструиран од сегашниот Министер за внатрешни работи, Митко Чавков.
Чауш им се обрати на новинарите и тврдеше дека наводно извесен Мајкл Цивиќ незаконски живее во Струмица и во Македонија, и ја шири, според него, најопасната секта во исламот – како што го реле шиизмот“. Цивиќ имал „огромна фирма“ во Хонгконг и таму, како што рече Чауш, пере пари за синот на министерот, Иван Чавков.
Под директива на Митко Чавков ми се случува цела оваа работа затоа што не му помогнав на Мајкл Цивиќ да влезе во Ирак преку моите пријатели, и таму да го шири шиизмот, рече Чауштот.
Тој му понудил милион евра за да му помогне во ширењето на шиитизмот (исламска конфесија), но Бекири смета дека ова е најопасната секта во Исламот, поопасна и од вехабизмот. Цивиќ поседувал огромно богатство.
Иако полицијата во домот на Чаушот изврши претрес за дрога, сепак, најде фалсификувани лични карти, па според Чаушот полицијата имала сознанија дека тој е изумител на „виртуелна дрога“.
Полицијата најверојатно имала сознанија дека ја сум изумил виртуелна дрога што би ме направило појак и од Бил Гејтс, рече Чауш.
Тој не верува во работата на Јавното обвинителство и кога бил повикан таму на 26 февруари се уверил дека актуелната власт има големо влијание врз Обвинителството.
Бранителот на Чаушот, Мирослав Вујиќ, рече дека личните документи кои биле најдени во компјутерот на Чауш не биле користени ниту за избори, ниту во некоја постапка пред институциите.
Обвинетите јасно кажаа дека таквите податоци што се најдени кај нив, би можел било кој и во било кое време дополнително да ги стави. Лудост е да помислите дека во куќиштето, лаптопот или УСБ-то се крие дрога, изјави Вујќиќ.
Обвинителството, пак, побара обвинетите да бидат прогласени за виновни и сметаат дека има доволно докази коишто ја докажуваат новата вина.
Експертите за компјутерски науки кажаа дека не би можело да не биде забележано ако во компјутерот дополнително биле внесувани податоци. Тоа би оставило трага на електронските записи, рече Обвинителката.