Чадиев прими делегација од збратимениот романски град Слобозија

Од:

Велешкиот градоначалник Славчо Чадиев денеска прими делегација на збратимениот град Слобозија од Романија.

По средбата тој нагласи дека Општините Слобозија и Велес изминатите неколку години имаат интензивна и плодна соработка, а преку оваа посета со заменик-градоначалникот, Валентин Макано е утврдена и идната соработка.

– За нас ова е важна посета, чест ни е што сме во Велес не само поради учеството на манифестацијата поради празникот Велигден, туку и поради тоа што се сретнавме со новиот градоначалник и ги зацврстивме односите помеѓу нашите две општини, истакна заменик-градоначалникот на општина Слобозија, Макано.

Инаку, претставници на романскиот град денеска со свои штандови со украсни Велигденски јајца беа меѓу учесниците на годинешната меѓународната културна манифестаија „Велигденско јајце“.

Би можело да ве интересира

Одрон на патот кон Велес – возилата се пропуштаат наизменично

Горан Наумовски

Вардар само што не се излеа во центарот на Велес

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Во велешката болница донесено е починато 6-годишно дете од Градско

А1он

Велешанец е пронајден мртов во семејниот дом

Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило затворен автопатот Велес-Градско