Чадиев: Финансиската стабилност на општина Велес не е доведена во прашање

Од:

Општина Велес во моментов не должи никому и финансиски е стабилна. Ребаланс на буџет и измена на програми се редовна пракса, а тоа значи дека во моментов се усогласуваат програмите со финансиските можности.

Ова денеска го изјави градоначалникот на општина Велес Славчо Чадиев, како одговор на обвинувањата за кратење на некои од програмите на последната седница на Советот, искажани од советничката група предводена од СДСМ на прес-конференција.

– Стабилноста на општина Велес не е доведена во прашање. Секогаш првиот и вториот квартал во годината се послаби во однос на прибирањето на средства во буџетот за разлика од третиот и четвртиот квартал. Тоа значи дека ќе се прилагодуваме спрема она што го имаме и ќе се држиме до законските определби и можности што ги дава Министерството за финансии да има еден или два ребаланси на буџетот, потенцира Чадиев.

Тој за деновиве најави и отчет пред граѓаните за 100-те дена од превземањето на локалната власт.

Би можело да ве интересира

Велешанец ја следел девојката, ја навредувал и ја малтретирал, но и нанел и повреди

Горан Наумовски

ДОМ: Фемицидот во Велес е резултат на институционален колапс – бараме одговорност и системски промени

Петровска: Секое непостапување во случајот Росица мора да биде казнето!

СДСМ: Убиство во Велес поради негрижа на полицијата на Тошковски и институциите на ДПМНЕ, бараме одговорност

Изгоре автомобил на паркинг во Велес

Mртов 42-годишен маж е пронајден во помошни простории

Горан Наумовски