Целосно се урна браната во Слатино

Од:

Земјената брана на Слатинското Езеро целосно се урна вчера доцна попладне. Екипата нуркачи вчера не успеа да го ослободи главниот испустен вентил на езерото.

Локалното население страхува од големи штети, бидејќи станува збор за големи количества акумулирана вода, која сега се излева преку Слатински Чифлик и Издеглавско Поле се до реката Сатеска. За среќа, на тој потег нема населени места што се директно изложени на опасност од поплавување.

Последен пат браната во Слатино попушти во јануари 2011 година, кога земјениот насип пропадна на површина од околу 80 квадратни метри.

Вештачката акумулација, направена во 1963 година, се полни со вода од Мраморечка Река. Вкупно собира 1,4 милион кубни метри вода, со кои се наводнуваат 420 хектари земјоделско земјиште во тој крај.

Би можело да ве интересира

Над 500 килограми риба изловени од Слатинското Езеро

Емир Латифовиќ

Почна изловување на рибата од Слатинското езеро

Емир Латифовиќ

Ќе се пренесат рибите за да се избегне еколошка катастрофа во Слатинското Езеро

Емир Латифовиќ

Да се избегнува движење кај браната на Слатинско Езеро

Емир Латифовиќ

ВМРО-НП: Надлежните институции да го спасат Слатинското Езеро

Емир Латифовиќ

Состојбата на браните Пишица и Слатино се уште критична

Ана Ололовска