(ВИДЕО) Цел кабинет ми работи на изборите во Центар

Од:

СДСМ презентираше сет материјали за кои посочи дека се разговори помеѓу Миле Јанакиески и соговорник на кој му кажува дека Амди Бајрам за цела листа на починати лица пуштил луѓе лажно да се претстават и да гласаат со нивниот идентитет.

Беа објавени и разговори за кои беше посочено дека се на Билјана Бришковска Бошковска со Миле Јанакиески, како и на Гордана Јанкулоска со Зоран Ставрески за поништување на избори, како да се напишат приговори.

-Знаеш како се поништува не е врз база на аргументи. Знам јас цел кабинет мој работи на Центар. Уште десет пати да поништиме, тоа е тоа, тие се луѓето таму.

Разговор помеѓу Билјана Бришковска Бошковска и Миле Јанакиески

МЈ: Е?
БББ: Миле, дај те молам кажи им нека кажат: ние знаеме дека се четири избирачки места, кои што се со овие луѓе. Значи, само нека потврдат дека се тие луѓе. Значи до сега требало напамет да ги знаат кои се тие луѓе.
МЈ: Триесет и четири, Билјана, вчера мене тие ми ги пишуваа.
БББ: Не се бре триесет и четири, ти кажувам дека се четири места, ибирачки.
МЈ: Не се бе, како да ти докажам дека не се, вчера ги гледав.
БББ: Па еве ги гледам, значи ги имаме по избирачки места, тие се само четири од Пустец, луѓе кај што има. Четири се.
МЈ: Ама не се само Пустец проблематични.
БББ: Е па сега, ако имаш ти и други проблематични.
МЈ: А овие од Гази Баба, од Кавадарци, од не знам каде?
БББ: Е па тие се уште неколку. Тие од Гази Баба се 80 луѓе.
МЈ: Вчера Билјана ги гледав, ајде не че те лажам сега. Триесет и четири беа.
БББ: Добро, јас ќе ти тргнам значи кои ми се, и после ти ги оставам овие другиве. Океј?
МЈ: Не, не, не. Не така, не така. Кажи ми колку души ќе тргниш, за да ти кажам
БББ: Значи, јас точно по места ќе ти кажам. Значи ако мислиш дека…
МЈ: Ќе најдам други функционери, ќе најдам.
БББ: Не можеш да најдеш кога се кај мене по други места. Као ќе ги најдеш? Ја морам денес да ги пуштам набљудувачиве по другиве.
МЈ: Билјана че дојдам, најбитно ми е ова кои ми се набљудувачи. Како да ти кажам?
БББ: Можеш да дојдеш во штаб?
МЈ: Па че дојдам.
БББ: Ај те молам дојди, за да се разбереме. Ајде.

Разговор помеѓу Миле Јанакиески и соговорник

МЈ: Амди бајрам е цар бе.
С: хахаха, што праи?
МЈ: А?
С: Што праи?
МЈ: Недџет Мустафа и овој се жалеа што му напраил Амди, како ги победил. Знаеш што му напраил?
С: Што им напраил?
МЈ:…. нели избирачкиот список беше прочистен заклучно со 2011 така?
С: Да.
МЈ: Ги зел сите умерени во 2012 година што се, по список…
С: И?
МЈ: И пуштил луѓе да гласаат во нивно име.
С: Ај што збориш? И? Тоа некој го знае?
МЈ: Е па он така вика…
С: Го фатиле?
МЈ: Му викам, му работи мозокот викам.
С: Као може да пушти, као ќе докаже дека се оние. Лична карта, ова она?
МЈ: Па ништо, си оди за некоја жена што е почината. Кој гледа…
С: Добро, ама мораш да дадеш лична карта. Што старата лична карта ќе ја дадеш?
МЈ: Е па не гледале овие идиотиве.

Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Зоран Ставрески

ГЈ:…а без нив нема победа во Куманово, мислам тој е етничкиот состав. Никогаш неможе Македонец, ептен ако нема еден ултраслаб кандидат, ко ние што имавме прошлиот пат со Петар Поп Арсов, па у прв круг да помине Македонецот.
ЗС: Тој и квалификации да има, и таму нема да пројде.
ГЈ: Да, иначе вака да речам, оптимална политичка борба, нема шанси без Албанци да се победи таму.
ЗС: Аха. Океј.
ГЈ: 30% се Албанци етнички, структурата. Реално има шанси некое место ако се поништи, не е голема разликата на 88.000…
ЗС: Колку е разликата?
ГЈ: 1.700 гласа, на 88.000 запишани.
ЗС: Аха.
ГЈ: Тоа не е ништо, ама …
ЗС: Не е, не е големо ама…
ГЈ: Ама пак ти требаат они, оти кај Македонците нема што да поништуваш…нема контингент….
ЗС: А имате поништување на некое место?
ГЈ: А бе има, приговори ќе се напишат па ти, знаеш како се поништува. Не се поништува на база на аргументи…
ЗС: Еве од овие, Миле сега ме стигна вика у Центар сите 66 ќе ги поништува…
ГЈ: Гледам, ноќеска праеа приговори, се глупираме…
ЗС: Чуда праеа.
ГЈ: Се глупираме. Знам јас, од кај мене цел кабинет работи на Центар.
ЗС: Знам.
ГЈ: Мислам ептен сум у тек за таму. Уште десет пати да поништиме…
ЗС: Исто.
ГЈ: Таа е…
ЗС: Исто.
ГЈ: Тие се луѓето таму…
ЗС: Тоа е.

Би можело да ве интересира

Тревога во пет авиони на „Делта ерлајнс“: „Никој нема да преживее“

Горан Наумовски

Поради дојава за бомба, полицијата го евакуира „Сава центарот“

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Експлозија на лет од Крит: Патниците извикуваа „бомба, бомба, бегајте“