Во текот на минатата недела, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење, при што привремено се задржани златни монети, девизи, автоделови, електромотори за ролетни, ултразвучен скенер, облека, козметички производи, очила за сонце и фалсификати.
Задржани се 25 златници со вкупна маса од околу 176 грама, откриени при личен претрес на македонски државјанин, кој патувајќи со македонски автобус, што сообраќал на релација Истанбул – Струга, се пријавил за влез во државата на граничниот премин Богородица. Во преден џеб од панталоните на патникот, замотани во црн женски чорап, се пронајдени 12 турски монети, 10 монети од француска република и 3 австриски монети, изработени од 18 каратно злато, чија вредност е проценета на околу 290 илјади денари. Монетите се привремено задржани, а против патникот ќе биде поднесена кривична пријава.
Од Царинската управа информираат дека се одземени и 5.000 евра, откриени при личен претрес на македонски државјани, кој како патник во автомобил со македонски регистарски таблици се пријавил за излез во државата, на граничниот премин Табановце автопат. Во предниот џеб на патникот се пронајдени 7.000 евра, од кои согласно законските прописи му биле вратени 2.000 евра, износ што може слободно да се изнесе од државата, а за сторениот прекршок е поведена прекршочна постапка.
Во текот на изминатите денови откриени се 1 ултразвучен медицински скенер, 20 гуми за картинг-возила, откриени при контрола на македонски автомобил и турски автобус, пријавени за влез во државата на граничниот премин Богородица.
Во првиот случај, во картонска кутија, сместена во багажниот простор на турски автобус, е пронајден 1 медицински дигитален ултразвучен скенер, сопственост на македонски државјанин кој патувал со автобусот.
Во вториот случај, при контрола на македонски автомобил управуван од македонски државјанин, во багажниот простор на возилото се пронајдени 20 гуми за картинг-возила марка UNILI 10*4,5-5 иMAXXIS 11*6,00-5.
Во двата случаи непријавените производи се привремено задржани, а против прекршителитеќе бидат поднесени прекршочни постапки.
Од Царинската управа нведуваат дека се откриени и 490 грејачи за возила, 21 електромотор за ролетни и 7 парчиња автоделови, 570 парчиња облека (шорцеви, женска долна облека и детски капи), 229 парчиња козметика (кармини, четки за кармини, шминки и вештачки трепки), 10 парчиња автоделови (сет сензори за паркирање и модули за централно заклучување), 3 рибарски мрежи како и 138 разни производи (очила за сонце, марами, крпи за сончање и детски костими за капење), откриени при контрола на бугарски автомобил управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Дојран.
Непријавените производи, пронајдени во патни торби сместени во багажникот на возилото, околу резервната гума, во фиоката за документи и во фабричка преграда помеѓу предните седишта, се привремено задржани а против патникот ќе биде поведена прекршочна постапка. Покрај тоа, за дел од производите (крпи за сончање и костими за капење) кои носат ознаки на заштитени трговски марки и за кои постои сомневање дека повредуваат права од интелектуална сопственост, Царинската управа ќе поведе постапка за утврдување на нивната оригиналност.