Бујар Османи: Овие избори во Чаир се борба меѓу народот и клика луѓе кои 20 години го ограбуваат

Од:

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Бујар Османи, вечерва на големиот собир во Чаир упати силна порака до граѓаните, нагласувајќи дека по две децении неправда, корупција и злоупотреби дојде време општината конечно да се ослободи од кликата која го држеше Чаир во заложништво.

„Чаир дваесет години го држеа во заложништво група луѓе што им ги украдоа соништата на своите жителите, ја злоупотребија нашата доверба и профитираа од вашето разочарување и чувството дека можеби не може подобро. Но, од денес кажуваме крај, и на разочарувањето, и на стравот и ја започнуваме промената на Чаир“, изјави Османи.

Тој истакна дека овие избори не се обични, туку пресудни и претставуваат борба помеѓу народот и група луѓе кои две децении го уништувале општествениот, економскиот и урбаниот живот на Чаир.

„Ова е борба помеѓу граѓаните на Чаир од едната страна и една клика, група луѓе што владееле и го ограбувале Чаир дваесет години. И сакам да кажам дека народот ќе победи, ние ќе победиме, затоа што самите го слушаме тоа, на секоја улица и во секој агол на Чаир. Очекувањата на луѓето што бараат промена, повиците за ослободување, гласовите што бараат да се скинат синџирите на корупцијата, хаосот и узурпацијата“, порача Османи.

Тој отворено зборуваше и за одговорноста на сите што во минатото ја поддржувале старата структура, вклучително и тој самиот, и нагласи дека денес со храброст ја признава грешката.

„Свесен сум дека некои од вас ја изгубиле довербата во политиката. Велат: ‘вие ни ги донесовте тие, сите сте исти’. И ако имам некоја слабост, ако имам чувство на совест, одговорност и вина во оваа изборна кампања, тоа е што им верувавме и ја баравме вашата доверба за нив. И имам храброст тоа да го признам како грешка“, рече Османи.

Тој нагласи дека вистинската разлика помеѓу него и неговиот противкандидат, Изет Меџити од ВЛЕН, е во тоа што тој и неговото семејство живеат во Чаир, заедно со сите негови жители, делат исти проблеми и ја чувствуваат истата борба.

„Јас живеам овде, моите деца живеат овде, ги делам тешкотиите заедно со вас. А тој што го уништи Чаир дваесет години, избега од Чаир! Избега и ни остави само ѓубре, корупција и дивоградби“, истакна Османи.

Би можело да ве интересира

Османи: Ако во првите сто дена не го исчистам Чаир, нема да продолжам понатаму

Бујар Османи: Мобилна болница и здравствени тимови за подобра превенција на здравјето на граѓаните на Чаир

А1он

Бујар Османи: Предвремени избори ќе има во март или април

Османи: Граѓаните кои се измамени нема да бидат жртви на урбаната мафија

Османи: Ако е Мицкоски криминофоб, се плаши ли од 150 дивоградби во Чаир, или провизиите за Скендербег?

Катерина Ѓуровски

Османи: Секое маало ќе има минимум два паркинга, бесплатен и со плаќање

Горан Наумовски