Бујар Османи – кандидат за градоначалник на Чаир, Бајрам Реџепи ќе „се трка“ во Тетово

Од:

Претседателството на Генералниот совет на Демократската унија за интеграција (ДУИ) на денешната 21-та седница определи дел од кандидатите за градоначалници и носители на листи за советници на оваа партија, кои ќе бидат дел од заедничките кандидатури со другите политички субјекти кои се во коалицијата Европски фронт. Алијанса на Албанците на Зијадин Села ќе предложи кандидати за градоначалник за Струга, за Дебар и Арачиново, додека партијата на Арбен Таравари за Гостивар, Врапчиште, Теарце и Сарај.

-Иден градоначалник на Општина Чаир ќе биде д-р Бујар Османи, иден градоначалник на општина Тетово ќе биде Бајрам Реџепи, за Желино Емир Сулејмани, носител на листа во Општина Гостивар ќе биде Валди Џафери, носител на листата во Општина Струга ќе биде Фатон Положани, истакна Арбр Адеми, портпарол на ДУИ по тричасовната средба на Генералниот совет на ДУИ.

За другите кандидати за градоначалници и носители на листи за советници ќе се одлучува во следните четири дена.

-Сите овие кандидати ќе бидат заеднички на коалицијата, не се работи само за кандидати на ДУИ или на Алијанса за Албанците, кои се партнери. Поточно, од Алијанса за Албанците на Зијадин Села ќе добиеме предлог за кандидат за градоначалник во општина Струга, Дебар и Арачиново. Од АА на Таравари ќе имаме предлог во општините Гостивар, Врапчиште, Теарце и Сарај, и на десет други општини, ќе ги потврдиме кандидатите на ДУИ и на сите политички партии кои ја сочинуваат оваа коалиција, истакна Адеми.

Едногласно централното претседателство го избрал генералниот секретар на ДУИ, Фатон Ахмети да биде шеф на централниот изборен штаб.

Би можело да ве интересира

Османи: Историски избори се пред нас, 19 октомври е референдум за иднината на Чаир

Бујар Османи: Овие избори во Чаир се борба меѓу народот и клика луѓе кои 20 години го ограбуваат

А1он

Османи: Ако во првите сто дена не го исчистам Чаир, нема да продолжам понатаму

Бујар Османи: Мобилна болница и здравствени тимови за подобра превенција на здравјето на граѓаните на Чаир

А1он

Бујар Османи: Предвремени избори ќе има во март или април

Османи: Граѓаните кои се измамени нема да бидат жртви на урбаната мафија