Бугарски „Фокус“ за Петровски: Човекот чие семејство има бугарски пасоши, го критикува договорот со Бугарија

Од:

Бугарската агенција Фокус објави текст за ставот на поранешниот директор на Државниот архив на Македонија и, како што пишуваат, издавач на Пулс 24, Филип Петровски,

„Борбата против потпишувањето на договорот за добрососедство и пријателство со Бугарија станува бескомпромисна и во неа партијата на Никола Груевски не избира пристапи и средства“, пишува Фокус.

Фокус наведува дека на телевизија Алфа гостува Филип Петровски, кој треба да одговори на прашањата што добива и што губи Македонија од договорот со Бугарија, чија е Македонија и чие е Илинденското востание и како Зоран Заев само за шест месеци успеа да ја спроведе платформата од Тирана, да понуди опција за промена на името во спорот со Грција и да се согласи на заедничка историја со Бугарија, наведува бугарската агенција.

„Филип Петровски, по потекло од Куманово, е познат како особено близок на семејството Груевски, а веќе успеал да ги снабди своите најблиски со бугарски пасоши.Таткото на еден од најактивните борци против бугарско-македонските односи, Тихомир Петровски поседува бугарски пасош од 2011 година, мајка му Маринела Петровскa добила пасош во 2006 година, а неговиот брат Марко Петровски – во 2015 година“, се вели во текстот.

Во слична ситуација, како што се наведува, се наоѓа и поголемиот дел од раководството на ВМРО-ДПМНЕ како на централно, така и на регионално ниво, парламентарната група на партијата, како и дел од поранешните министри во различните кабинети на Никола Груевски.

Би можело да ве интересира

Разрешени Филип Петровски и Лука Кржаловски

Наум Локоски

(ВИДЕО) Филип Петровски до амбасадорот: Немој да не провоцираш!

А1он