Бугарска донација за детската градинка во Делчево

Од:

Детската градинка „Весели цветови“ од Делчево денес доби донација во опрема и инвентар вредна две илјади евра. Донацијата се реализира како дел од одличната соработка со фондацијата “Бугарско сеќавање” чиј претседател Милен Врабевски и заменик-министерката за образование на Република Бугарија, Деница Сачева денеска ја предадоа на директорката на делчевската градинка Билјана Симовска.

Со Донацијата се опремија две занимални со столчиња и масички, како и нагледни и дидактички средства потребни за наставата во градинката.

Претседателот на Фондацијата Врабевски, истакна дека ова е прва, но не и последна донација за најмладите во детската градинка во Делчево.

– Нашите намери се сериозни и целта ни е да соработуваме на повеќе проекти финансирани и од ЕУ и од фондации, бидејќи тоа носи само позитивни ефекти во регионот. Да инвестираш во младите на една држава е да мислиш за нејзината иднина. Треба да сме заедно и луѓето во Македонија да ја разберат ползата од соработката и евроинтеграцијата, истакна Врабевски.

Добрососедските односи меѓу Македонија и Бугарија се многу важни потенцираше заменик министерот за образование на соседна Бугарија, Деница Сачева.

– Денеска сум тука за да ја поддржам иницијативата на Фондацијата и на градоначалникот Трајковски и на детската градинка во Делчево, бидејќи нашите добрососедски односи се многу важни и треба да започнат од децата. Работата со децата е многу важна за да можат да ја изградат својата општа култура и да го градат својот однос кон светот. Образованието има посебно значење во нивниот развој и овде сум за да ја изразам својата намера и цел да соработуваме, да работиме на трансграничните проекти, посебно на Еразмус Плус програмата, потенцираше Сачева.

Директорката на градинката „Весели цветови“, Билјана Симовска, рече дека ова е првиот чекор со кој се започнува соработка со Фондацијата.

– Ова е уште еден показател дека ЕУ нуди многу можности. Нашите пријатели од соседна Бугарија ни подаваат рака и ова е прва донација која многу значи и за нас и за дечињата и за вработените. Се надеваме дека ќе почнеме да соработуваме со детски градинки од соседна Бугарија, во делот на воспитниот кадар, во врска со размена на искуства за персоналот, истакна Симовска.

Градоначалникот Горан Трајковски истакна дека Делчево доби искрен пријател во ликот на господинот Врабевски и Фондацијата „Бугарско сеќавање“.

-Пријателството што изминативе месеци го градиме со Фондацијата „Бугарско сеќавање“ отвора нови перспективи за едукација на младите, за проширување на нивните видици, искуства и, секако, нови познанства што значи само едно- правилно трасирање на растот и развојот и на приоритетите на нашата млада популација и запознавање со европските вредности, рече Трајковски.

Со поддршка на Фондацијата, делчевски средношколци учествуваа на семинарот по роботика и дигитални вештини во Струмица, каде се стекнаа со нови искуства и знаења, а потоа 40 наши млади фудбалери се натпреваруваа и се вратија со пехари од пријателските натпревари кои се одржаа во Банско, соседна Бугарија.

Би можело да ве интересира

Mаж од Делчево ја претепал сопругата

ВИДЕО: Пороен дожд со град и ветар во Делчевско

Катерина Ѓуровски

Маж од Делчево споделил лични фотографии на неговата поранешна вонбрачна партнерка

Жена од Делчево била следена ѝ добивала пораки со заканувачка содржина

Гужви за влез во Бугарија: Се чека по два часа, се пропуштаат само по неколку возила

А1он

Меџити: Следната недела ќе се расчисти случајот со починатата родилка од Делчево

А1он