Бугарија повеќе нема да го оспорува краткото име Северна Македонија

Од:

Бугарија прифатила да го користи краткото име Северна Македонија, кое претходно го спореше. Премиерот Димитар Ковачевски вели дека ова е голем чекор за двете држави, особено во делот на соработката.

„Македонците и Бугарите се многу блиски братски народи. Затоа влегуваме во решавање на отворените прашања, за нова иднина. Договоривме Бугарија дека прифаќа да го користи името Северна Македонија, тоа значи дека Бугарија нема да го кочи билатералното име. Северна Македонија преку надворешни работи испрати вербална нота до ОН во која изречено се потврдува дека тие се еднакво валидни“, рече Ковачевски.

Македонскиот премиер кажа дека ќе се финализира и Договорот за прекугранична соработка. Тоа значи дека ќе се отвори и граничниот премин „Клепало“, кој би овозможил и подобар туризам и бизнис соработки.

„Двајцата се заложивме да продолжи соработката. Секоја седница од сега натаму ќе се среќава по една од групите со јасни цели и резултати, за да им се покаже на двата народи, дека доброседството има и реални резултати, со соработки, со патување од Софија до Скопје за 20 минути“, рече Петков.

И Ковачевски посочи дека ќе се гради доверба меѓу Македонците и Бугарија.

„Ќе има работни групи за градење на односи кои ќе значат попросперитетна иднина. Сакам да се заблагодарам што веднаш по изборот на новата Влада и мојот избор, го одржа ветувањето да биде првиот кој ќе дојде како гостин во Северна Македонија.

Би можело да ве интересира

Гаши: Во секое време може да почнеме со уставни измени, но како држава сме во временски теснец

Преземените обврски мора да се почитуваат порачува францускиот амбасадор

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Предлог уставни измени во Собранието, пред формирање влада во Бугарија, е наивно

Катерина Ѓуровски

Почна средбата на Мешовитата историска комисија, прва со новиот состав на македонскиот тим

Прва средба на новиот тим македонски историчари во заедничката комисија со тимот од Бугарија

Мицкоски: Државата е блокирана од нерационален и билатерален спор

Катерина Ѓуровски