Бугарија го ратификуваше договорот за изградба на меѓуграничен железнички тунел на Коридорот 8

Од:

Бугарија го ратификува договорот со Македонија за изградба на меѓуграничен железнички тунел на Коридорот 8, објави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук-профил.

– Денес, Народното собрание на Република Бугарија го ратификува договорот помеѓу Македонија и Бугарија за изградба на меѓуграничен железнички тунел на Коридорот 8. Овој договор во декември беше ратификуван и во македонското Собрание. Со ова се исполнети сите услови за доизградба на железничкото поврзување помеѓу Скопје и Софија и Бургас. Се гордеам што овој договор, кој го потпишавме на 6 ноември со заменик-претседателот на владата на Бугарија, Гроздан Караџов, ќе значи поблиски економски врски помеѓу двете држави и двата народа, но покажува и силна посветеност на Македонија во реализација на Коридорот 8, кој е исклучително значаен безбедносен коридор од висок интерес на НАТО и нашите стратешки партнери – напиша Николоски.

Тој истакнува дека паралелно се работи на развивање и на Коридорот 10.

Македонија ја правиме вистинска раскрсница на Балканот за добросостојба на сите македонски граѓани. Продолжуваме да работиме, истакнува Николоски.

Проектираната должина на тунелот е речиси 2,4 километра, 1.189,30 метри на македонска територија, а 1.193,70 метри на бугарска.

Би можело да ве интересира

Потпишан договорот за тунелот од пругата Македонија-Бугарија од Коридорот 8

Николоски и Караџов во четврток ќе го потпишат договорот за меѓуграничниот железнички тунел на Коридор 8

Бугарија објави тендер за последните 2,4 километри од железницата од Ѓуешево до Деве Баир и за делницата Софија – Радомир

А1он

Николоски раскажува приказни за добра ноќ, каде е да го потпише договорот, реакција од Бугарија за Коридорот 8

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Николовски повторно фатен во лага, немало никакви преговори за Коридорот 8

Тунелот да го гради еден изведувач, постигнати почетни договори за пругата кон Бугарија