Бучковски од Куманово: Водиме „битка“ за поинаква Македонија

Од:

„Во Куманово водиме „битка“ за една поинаква Македонија. Македонија која ќе промовира вредности, што значат почитување на различностите. Ќе се обидеме со нашата кампања да ги обединиме сите Кумановци, без оглед на нивната етничка и верска припадност. Време е за обединување, а ние знаеме тоа да го направиме“, изјави Владо Бучковски, носителот на изборната листа ИЕ2 на Коалицијата за позитивна Македонија на денешната прес-конференција во Куманово.

Тој потенцираше дека нивните искуства се гаранција и дека граѓаните го имаат изборот, за кој што треба да се одлучат.

-Ние знаеме и имаме искуство, не сме почетници ниту во политиката, ни во своите професии. Не ја бараме довербата затоа што немаме своја професија или немаме изградено свој авторитет и кредибилитет во средините од кои што доаѓаме-истакна Бучковски.

Општинската организација на КПМ на Куманово на сите граѓани од христијанска вероисповед, им го честита големиот празник, Велигден и им посака здравје, среќа и радост.

-Да покажаме меѓусебно разбирање, толерантност и позитивна енергија, која ќе не мотивира да правиме добри дела, за да бидеме подобри, да се надградуваме и таа позитивност да ни биде патоказ за верба, мудрост и оптимизам. Да најдеме сила да ги надминеме сите потешкотии од секојдневниот живот, за напредок и подобра иднина на сите генерации, како и за генерациите кои што следат-истакнаа од ОО на КПМ Куманово.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Орбан: Ќе победиме на следните избори, нема сомнение

Вучиќ во живо ги објави резултатите: Убедлива победа на СНС во Косјериќ

ВМРО-ДПМНЕ нема никаков проблем да поддржи една изборна единица

Горан Наумовски

Томислав Томашевиќ убедливо победи во Загреб со над 30.000 гласови повеќе од Марија Селак Распудиќ

Горан Наумовски

Анкети: Tрзасковски тесно води на претседателските избори во Полска со 50,17 проценти од гласовите

Горан Наумовски

Јадранка Косор: Сплит ќе биде мега победа за ХДЗ