Британскиот заменик амбасадор, Пол Едвардс, денеска ја посети Агенцијата за остварување на правата на заедниците (АОПЗ) каде на средба со Џелал Хоџиќ, в.д заменик-директор беше запознаен со работата на Агенцијата, како и проблемите и предизвиците со кои таа се соочува.
Како што соопшти АОПЗ, на средбата се дискутираше и за состојбата на заедниците кои се под 20 отсто, нивната правична застапеност во админстрацијата.
– Амбасадорот беше информиран и за идните планови на АОПЗ, за обновената соработка со ОБСЕ и заедничките активности во периодот кој следува. Како голем проблем на заедниците под 20 отсто, Хоџиќ го потенцираше остварувањето на правото и квалитетот на образование на мајчин јазик, се наведува во соопштението.
Амбасадорот Едвардс, се додава, ја искористи приликата и на средбата ја претстави Чивнинг програмата за магистерски студии за 2018/2019 во Обединетото Кралство.