А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Брисел сѐ уште се надева дека Скопје и Софија можат да постигнат компромис

by А1он12/11/2020 - 10:55237
Share0

Европската Комисија не се откажува од започнување преговори со Северна Македонија, јави дописничката на МИА од Брисел.

Добивај вести на вибер

На барање на МИА за реакција по средбата на премиерите на Севена Македонија и Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов во Софија, Европската Комисија останува на ставот дека двете страни треба да изнајдат компромис и дека може да се надминат несогласувањата.

– Ги охрабруваме двете страни да продолжат со напорите за изнаоѓање решение за нивните билатерални проблеми, рече за МИА портпаролката за проширување Ана Писонеро.

На 17 ноември треба да се одржи Советот на министри на ЕУ на кој ќе се разговара за проширувањето и на кој треба да се донесе одлука за усвојување на преговарачката рамка на ЕУ со Северна Македонија, но Бугарија за сега не отстапува и смета дека не може да даде зелено светло додека не се изнајде компромис околу прашањата за јазикот, краткото име и историските теми.

– Продолжуваме да се надеваме дека може да се постигне договор за преговарачката рамка наскоро со цел да се одржи првата меѓувладина конференција што е можно побрзо, вели Писонеро за МИА.

Во Европската Комисија не е сменет вокабуларот, велат оттаму, секогаш велеле „што е можно побрзо“, никогаш не лицитирале со датуми.

Само германското претседателство и самиот европски комесар за проширување јавно изјавуваат од старт дека се надеваат на прва меѓувладина до крајот на оваа година, односно во рамките на претседавањето на Германија со ЕУ.

Со оглед на тоа, велат од ЕК, употребата на фразата „што е можно побрзо“ не претставува ниту ретерирање, ниту некаква промена во амбициите на Комисијата во однос на Северна Македонија.

– Ги поздравуваме напорите на германското претседателство за олеснување на разговорите помеѓу Бугарија и Северна Македонија со цел постигнување на договор во Советот за преговарачката рамка, е официјалниот став на Европската Комисија, која и натаму останува во контакт со сите страни за да го помогне процесот.

Во Брисел не се добива впечаток дека Северна Македонија постапува неконструктивно во овој процес, велат дипломатските извори кои ги консултираше МИА и се гледа позитивно на физичката посета на премиерот Заев на Софија во рамките на Берлинскиот процес.

Се остава сега на сите страни да продолжат со контактите и обидите за постигнување компромис, и, иако бугарската страна нема поддршка од другите земји членки за своите ставови, нејзиното право на вето е безусловно, и ниедна земја, ниту институција не може да се меша во билатерални прашања, нагласуваат дипломатите во Брисел.

bugarija dogovor

Би можело да ве интересира

Вајц се надева дека земјава по локалните избори ќе ги направи уставните измени за внесување на Бугарите

Катерина Ѓуровски21/10/2025 - 08:20

Изјавите на словачкиот претседател за Македонија ја налутија Софија

Катерина Ѓуровски16/10/2025 - 14:56

Муртезани: Кај премиерот и Владата постои сериозна одлучност за надминување на спорот со Софија по изборите

Катерина Ѓуровски02/10/2025 - 14:1002/10/2025 - 15:12

Уставните измени до 10 февруари, да не се прифаќаат дополнтелни барања од Бугарија – Филипче ја објави Резолузијата со црвените линии

Катерина Ѓуровски25/09/2025 - 12:5825/09/2025 - 13:48

СДСМ: Предлогот за резолуција со Бугарија за македонски јазик е штетна

Катерина Ѓуровски22/07/2025 - 13:35

Муцунски: Софија е влезена во многу опасен наратив кој е во корист на трета страна спротивставен со интереси и на ЕУ и на НАТО

Катерина Ѓуровски27/06/2025 - 12:2127/06/2025 - 12:44
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен