Брисел ќе гласа за безвизен заштитен механизам

Од:

Во четврток , Комитетот за правда и граѓански работи на Европскиот парламент ќе гласа за воведување на безвизен заштитен механизам, што може да значи дека ако предлогот добие зелено светло, воведување привремени мерки за укинување на безвизниот режим за земјите од Западен Балкан.

Информацијата ја пренесоа неколку европски медиуми. Се огласи и известувачот за Европскиот парламент,Тања Фајон

„ Слушаме многу критики од европските држави, особено во последните пет или шест месеци, дека безвизниот режим за сите граѓани на земјите од Западен Балкан сериозно се злоупотребува“, изјави Фајон.

Според неа, бројките се многу загрижувачки. Зголемувањето на случаи на лажни баратели на азил се зголемил за повеќе од 60 отсто од претходната година.Голема опасност од евентуалната одлука на Брисел постои за граѓаните на Србија и Македонија, но и за БиХ и Албанија.

Би можело да ве интересира

Администрацијата на Трамп го укина безвизниот режим за Романија

Горан Наумовски

Мицкоски: Се укинуваат визите за Обединетите Арапски Емирати

Американска Амбасада: Носителите на визи да ги следат американските закони и правила

Влезот во ЕУ ќе се наплаќа 7 евра: Нови правила и крај на слободниот премин

Косово воведе визи за сите руски државјани, без исклучоци

Од февруари лотарија за термини за визи за Германија