Братот на премиерот, Вице Заев, не сака камери во судницата

Од:

Адвокатот на братот на премиерот Зоран Заев, Вице Заев, не дал согласност медиумските екипи да го снимаат рочиштето за тужбата за клевета против тужениот Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ, во Основниот суд Скопје 2.

Новинската агенција „Макфакс“ испрати барање до претседателот на судот, Илир Сулејмани, за визуелно и звучно снимање на рочиштето кое треба да се одржи на 26 февруари. Судот прибавил мислења од двете страни, при што полномошникот на тужителот навел дека не се согласува со аудио и визуелно тонско снимање oд медиумите. Тужениот Николоски се сложил. Врз основа на тоа, претседателот на судот одлучил да не дозволи снимање.

Според одредбите од Судскиот деловник, звучното и визуелно снимање во парничната постапка и во управните постапки може да се врши со одобрение на претседателот на судот, но со претходна согласност од странките во посапката. Тоа значи дека јавноста ќе може да известува за рочиштето, но без присуство на камери и фото-апарати.

Во Основниот суд Скопје 2 на 16 јануари годинава се одржа подготвително рочиште за тужбата за клевета на братот на премиерот Заев, Вице Заев, против потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски. Причината за тужбата е поради тоа што Николоски во телефонско интервју за една телевизија рекол дека Вице Заев и неговото семејство ги добиваат сите главни бизниси во државата. На следното рочиште треба да биде распрашан братот на премиерот.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Николоски уверува дека составот на Извршниот комитет ќе обезбеди успех на парламентарните, претседателските и локалните избори

Горан Наумовски

Николоски: Брисел ги прифати барањата на македонската влада, возачите се прифатени како професионалци

Превозниците излегоа на протест, Николоски: Блокадата е навремена, Шенген земјите да најдат решение

Николоски: Апелирам до ЕУ македонските превозници да бидат ослободени од новите правила за влез во шенген-зоната за да не трпиме економски штети

Катерина Ѓуровски

100 нови комби возила за Пошта – Николоски најави подобрување на услугите

Горан Наумовски

Николоски: Изградбата на Коридорот 8 напредува без политички блокади