Владимир Поп Христов – Мио се уште не и се предал на македонската полиција иако тоа го најави преку социјалната мрежа Фејсбук, заради тоа што се предомислил, објави НОВА.
Третиот брат Александар, инаку познат уметник, го чекал на македонско-грчката граница својот брат Владимир, кој во последен момент се предомислил да се врати во Македонија и да се предаде на полицијата.
Пред половина час, Мио на својот ФБ профил објави статус, кој се однесува на доказ дека е откриено лековито дејство на марихуаната, со наслов “Го забавува ширењето на ракот”?
Во меѓувреме семјството на Кили ја комлетира медицинската документација според која треба да се потврди дека Кили има здравствени проблеми со што на адвокатот ќе му биде овозможено да го формулира барањето Кили да се брани од слобода.
Кили и Мио барањата за да се бранат од слобода ќе ги основаат и врз база на докази дека марихуаната ја користеле за лична употреба а не за продажба на трети лица.