Божикна честитка од Вељаноски до Евангелско – Методистичката црква во Македонија

Од:

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски испрати честитка до претседателот на Евангелско – Методистичката црква во Република Македонија Емил Заев и до верниците по повод христијанскиот празник – Раѓањето Христово -Божик.

– Христовото раѓање е величествени ден и празник кој не зближува, ни внесува топлина во домовите и ни дава верба во себе и во другите. Божиќ и радоста на овој голем христијански празник е посебна во животот на многу луѓе во светот, поттикнувајќи ги на добра мисла и духовни победи. Kако христијани да се стремиме кон меѓусебна соработка и почитување.  Нашата соединетост околу вербата е и наш поттик да го продолжиме учењето Христово кон создавање на трајни дела и вредности. Потребно е да сме обединети, да делуваме со хуманост и да подаваме рака на оние на кои им е потребна помош. Тоа не прави многу посилни и не охрабрува да ја разбереме смислата на нашето постоење, а со тоа и нашиот живот да биде исполнет со морални и етички вредности.

Во оваа пригода сакам да истакнам дека со почитувањето на религиската различност го јакнеме соживотот, толеранцијата и разбирање меѓу луѓето во Република Македонија. Со тоа ние сигурно чекориме по патот кон просперитетна иднина на државата.

Вам, како и на сите верници на Евангелско – Методистичката црква од Македонија и светот, Ви посакувам овие свети денови да ги поминете во духовен мир, со многу здравје, радост, среќа и бериќет во секој дом. Нека ни е честит и вековит празникот, стои во Божикната честитка на претседателот на Собранието Трајко Вељаноски до Евангелско – Методистичката црква во Република Македонија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: Ќе имаме напредок и прогрес во секој план

Горан Наумовски

Гаши: Божиќ е можност да се нагласи важноста на вредностите кои не обединуваат како општество

Мицкоски: Божик нè повикува и да бидеме солидарни, да си помагаме еден на друг

„Влен“: Празнициве се потсетник дека нашата земја е најсилна, кога сите заедници живеат во хармонија

Божикно послание на г.г. Стефан: Да се почитуваме меѓусебно, за изградување на единство во Црквата Христова, да имаме мир со луѓето и мир меѓу народите

Предраг Петровиќ

Православните христијани утре го слават Бадник, задутре Божик