Ботаничките градини императив за негување на биодиверзитетот и зачувување на автохтоните видови

Од:

Што е ботаничка градина, како „настанува“, од кога потекнува и какво е нејзиното значење не само од научен аспект, туку и во однос на екологијата, образованието, туризмот, негувањето на биодиверзитетот и можноста за зачувување на автохтоните видови растенија.

Ова се само некои од прашањата на кои одговор ќе се обиде даде младиот дипломиран земјоделски инженер, Филип Димкоски, во рамки на денешното онлајн-предавање најавено за 18:00 часот.

На предвањето Димкоски ќе направи анализа и споредба на ботаничките градини во Локрум, Ајазмо и ботаничката градина на Природно-маематичкиот факултет (ПМФ) во Загреб.

Накусо ќе стане збор и за ботаничката градина на Природно-маематичкиот факултет во Скопје, за можностите за нејзино унапредување, но и за создавање нови ботанички градини во државава.

-Откако ја посетив ботаничката градина Локрум на островот Локрум кај Дубровник, се инспирирав мојата дипломска работа да ја посветам на ботаничките градини заради нивната корисност и значење. Потоа следуваше двократна посета на ботаничката градина на ПМФ во Загреб и посета на паркот Ајазмо во Стара Загора, Бугарија кој, според моето инстражување, би можел да прерасне во ботаничка градина. Целта ми беше подетално да се запознаеме со големото значење на ботаничките градини затоа што освен што ги задоволуваат нашите естетски потреби, тие се и многу значајни за зачувување на биодиверзитетот и за зачувување на автохтоните видови во одредени подрачја, вели Димкоски кој иако многу млад, само 25 години, зад себе веќе има четири книги, како и предавања, работилници и средби реализирани во преку 40 образовни институции во земјава, Србија, Хрватска, Словенија, Бугарија и Израел.

Првите ботанички градини, додадва, биле всушност медицински градини во кои се проучувале и одгледувале исклучиво лековити растенија.

-Потоа целиот концепт на современите ботанички градини го поставува Леонард Фукс и тој концепт е одржлив до ден денес. Значи, не секоја градина со растенија е и ботаничка градина. Секоја ботаничка градина треба да ги исполнува петте елементи за кои ќе проговриме токму на ова предавање, истакнува Димкоски.

Во земјава, оценува, слаба е едукацијата за значењето и постоењето на ботаничките градини.

-За среќа, ботаничката градина на Природно-математичкиот факултет последниве години засилено се труди да ги подобри условите, да го зголеми бројот на растенија и да понуди и едукација, но и забава. Сепак, во споредба со ботаничката градина на ПМФ во Загреб да речеме, имаме уште многу за работа. Имаме и богатство на растенија, но треба да поттикнеме создавање нови ботанички градини во различни места во државава. Мислам дека главна цел на тие градини би требало да биде негувањето на старите градинарски семиња, размножување, одгледување расад и со тоа трајно зачувување на автохтоните видови. Не само што тоа е мода во светот, туку е огромна потреба за иднината, нагласува младиот агроном.

Предавањето на Димкоски ќе се одржи преку апликацијата Zoom, а го организира Слоу Фуд-Прилеп. Ако имаат желба да бидат активни учесници, да поставуваат прашања или да дискутираат, сушателите ќе можат и директно да се вклучат во настанот.

Би можело да ве интересира

Невреме ја собори „Њутновата јаболкница“

А1он

Ботаничката градина да биде обележје на Скопје – одбележан јубилејот 70 години постоење

А1он

Кралски ботанички градини: Приближно 40 растителни видови се пред исчезнување

Ана Ололовска