Борисов на средба со Бучковски: Решенија можат да се најдат на преговарачка маса

Од:

Отсекогаш верував дека решенијата можат да се најдат на преговарачката маса. Сегашните и идните генерации нема да им простат ниту на Бугарија, ниту на Република Северна Македонија, ако не најдат компромис што ќе даде перспектива, изјави денеска бугарскиот премиер, Бојко Борисов, на средба со специјалниот пратеник на македонската Влада за Бугарија, Владо Бучковски.

Како што соопшти прес-службата на бугарската Влада, Борисов истакнал дека за изнаоѓање одржливо и трајно решение за „преостанатите отворени прашања во билатералните односи“, потребен е „прагматичен, искрен и добронамерен пристап, изразен во конкретни активности“.

Според Борисов, за враќање на меѓусебната доверба ќе биде потребно стриктно исполнување на сите обврски преземени со Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, склучен меѓу двете земји во 2017 година.

– Бугарија отсекогаш ги почитувала евро-атлантските вредности и затоа темата за европската перспектива на Западен Балкан ја ставаме на прво место за време на нашето претседавање со Советот на ЕУ, нагласи Борисов.

Според него, Бугарија досега вложила максимални напори за интеграција на земјите од Западен Балкан во НАТО и ЕУ, па во тој контекст како резултат на бугарската поддршка за европската иднина на Република Северна Македонија е потпишан и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Нема да има уставни измени без гаранција за правата на Македонците во Бугарија и без потврда дека ова е последна отстапка

Бугарија го оспорува Акцискиот план за малцинства затоа што бил на македонски јазик, вели Мицкоски

Мицкоски повтори дека нема намера да го менува Уставот без гаранции од Европската унија

Вајц се надева дека земјава по локалните избори ќе ги направи уставните измени за внесување на Бугарите

Изјавите на словачкиот претседател за Македонија ја налутија Софија

Муртезани: Кај премиерот и Владата постои сериозна одлучност за надминување на спорот со Софија по изборите

Катерина Ѓуровски