Бојан Џонов и Трајче Иванов најсреќни на Водици во Штип

Од:

Во реката Брегалница светиот крст традиционално се фрла на две локации. Годинава најсреќни беа Бојан Џонов и Трајче Иванов. Џонов го фати крстот во Ново село, а Иванов во населбата 8-ми Ноември, каде што се одржа и централната манифестација.

Џонов и Иванов првпат го фаќаат светиот крст иако неколку пати досега учествувале на манифестацијата. Овој чин, велат, го прават за здравје и среќа во семејството.

Митрополитот на Брегалничката епархија господин Иларион кој чиноначалствуваше со литургијата и осветувањето на водите на реката Брегалница кај Камениот мост, на православните верници им го честита големиот празник Богојавление – Водици. Овој крст во водите на реката Брегалница во Штип се фрла од 1863 година.

– Бог се јави. Навистина се јави. Многу здравје и благослов на целиот православен народ. На момчето кое го фати крстот му посакуваме многу здравје, радост, напредок и успех во животот, рече Иларион.

Штипскиот градоначалник Илчо Захариев истакна дека реката Брегалница за граѓаните од источна Македонија е реката Јордан, бидејќи во неа се крштевале и крунисувале Пајонските кралеви.

– Тука нашите Свети браќа и сесловенски просветители Свети Кирил и Методиј ја ширеле словенската писменост и христијанството, тука ја пишувале глаголицата и затоа го користам денешниот ден на сите свештеници на МПЦ и на сите православни граѓани на Република Македонија да им го честитам овој голем празник, вели Захариев.

Џонов и Иванов од Брегалничката епархија добија икони и Библија, а од градоначалникот таблети и производи од фармацевстката компанија Алкалоид, додека сопственикот на аптеките Зегин, кој се појави како спонзор на сите манифестации во Брегалничкиот регион, на среќните момчиња им подари маици, бањарка и ЛЦД телевизор.

Претениците Никола Мицевски и Трајче Димков кои присуствуваа и на двете манифестации во Штип на православните верници им го честитаа празникот Водици и посакаа да се слави во мир и благосостојба.

Би можело да ве интересира

Двајца скопјани кои вчера скокаа по светиот крст се спасени од давење во Вардар

Горан Наумовски

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

Мицкоски: Време е за чесност, солидарност и грижа за заедничкото добро

Горан Наумовски

Дамјан Стефановски најсреќен по фаќањето на светиот крст во Дебар

Мартин Гоџо го фати Чесниот крст на Богојавление во Охрид

Досега 140 пријавени за фаќање на крстот во Вардар на мостот „Слобода“ во Скопје